Спорт
Тројца убиени во нападот врз репрезентативците на Tого во Ангола
Фудбалската репрезентација на Того соопшти дека ќе се повлече од натпреварувњето од Купот на африканските нации откако во петоктот беше нападнат автобус на националниот тим во регион на Ангола каде се активни сепаратистички бунтовнички групи
Играчот на англиски Манчестер сити, најдобриот играч и капитен на Того, Емануел Адебајор, изјави дека репрезентацијата се повлекува од континенталното првенство. И играчот на француски Нант, Томас Досеви, за Associated Press потврдил дека репрезентативците сакаат да се повелчат од натпреварувањето.Голманот на репрезентацијата и на француски Истр, Коси Агаса за France radio изјави дека бројката на жртвите од вчера[ниот напад врз нивниот автобус се зголемил на три. Според изјавата на Агаса, покрај возачот, починал и помошникот тренер и портпарол на тимот. Резервниот голман во критична ситуација, пак, бил пренесен во Јужна Африка. Според непотврдени информации на агенциите, бекот Серж Акакпо и резервниот голман Обилале Коси биле меѓу ранетите. Остануваат нејасно колку лица се убиени во вчерашниот напад.Досега е потврдено едиснтвено дека е убиен возачот на автобусот со кој се превезувала репрезнетацијата на Того. Но, лекарот Фрејзер Ламонд за Associated Press во изајвил во саботата дека било побарано да се обезбеди воздушен транспорт за двајца тешко ранети, но утринава пред слетувањето во Кабинда, еден од пацинетите починала. Тој додал дека другиот повреден попладнево требало да биде донесен во Јоханесбург. Тој рекол дека него го информирале дека повредениот е со сериозна рана, но дека е во стабилна состојба. Тој не бил запознаен дали станува збор за играчи на репрезентацијата. Министерот за информации на Ангола, Мануел Рабле во петокот соопшти дека осум членови на репрезентацијата на Того и еден анголски државјанин биле ранети. А владата на Того потврди дека возачот кој е од анголско потекло бил убиен. Африканската фудбалска конфедерација (CAF) го осуди нападот против репрезентацијата на Того, и одржа итен состанок, а државна делегација на Ангола одржа состанок со претставниците на CAF, кои ги убедува дека е донесена одлука да се гарантира непречено одвивање на натпреварите. Државната новинска агенција Lusa, добила јавување од главната сепаратисичка група во регионот, FLEC во која таа ја презема одговорноста за нападот. Репрезентативеците велат дека напаѓачите дошле од територијата на Република Конго во Ангола, и избегале назад по нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

