Свет
Над 2.000 луѓе блокирани од снегот во Франција

Повеќе од две илјади патници останаа заробени во јужна Франција како последица на силното снежно невреме што во понеделник ја зафати земјата.
Повеќе од две илјади патници останаа заробени во јужна Франција како последица на силното снежно невреме што во понеделник ја зафати земјата.
Најголемиот дел од патниците ноќта ја поминаа во чекалниците или во возовите, изјави во вторник кризниот штаб во Тулуз, кој најмногу беше погоден до невремето.
Стотина патници во возот од Барселона останаа блокирани на границата меѓу Франција и Шпанија и ноќта ја поминаа во вагоните.
Благодарение на навремената интервенција на пожарникарите, беше доставено доволно гориво за да се одржува греењето во возот.
Како резултат на снежното невреме парализирани останаа и повеќе патишта на југот од земјата, а 1.200 луѓе ноќта ја поминаа во чекалници или хотели.
Снежните врнежи предизвикаа и забрана за движење за тешки товарни возила како и прекин на електричната мрежа во делови на Франција и Шпанија./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дојава за бомба во авион на „Ер Србија“ во Црна Гора: уапсен е млад човек од Србија

Сообраќајот на аеродромот Тиват во Црна Гора вчера беше запрен поради дојава дека наводно е поставена бомба во авион на Ер Србија кој слета од Белград околу 18 часот.
Информацијата ја потврди и компанијата Аеродроми Црна Гора, која исто така објави дека е покрената итна постапка за вакви случаи, дека авионот е изолиран, а патниците евакуирани, по што е извршена проверка на леталото.
„Аеродромските служби, во согласност со пропишаните процедури за вакви случаи, чекаат сигнал од надлежните органи за повторно воспоставување на редовен сообраќај“, соопшти компанијата Аеродроми Црна Гора.
„Вијести“ пишуваат дека 23-годишниот српски државјанин, С.М., е уапсен во Херцег Нови под сомнение дека пријавил дека во авион на „Ер Србија“ кој слета во Тиват од Белград бил поставен експлозивен материјал.
Поради вонредната состојба, неколку летови до Тиват беа пренасочени кон блиските аеродроми.
Европа
Италија ќе издаде половина милион визи за странски работници надвор од ЕУ во следните три години

Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за државјани на земји кои не се членки на ЕУ помеѓу 2026 и 2028 година, соопшти владата, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвикот на недостигот на работна сила.
Вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата следната година, додека се очекува вкупно 497.550 лица да влезат во земјата до 2028 година.
Ова е втор ваков потег на премиерката Џорџа Мелони откако ја презеде функцијата пред речиси три години како лидер на десничарска коалиција. Владата веќе одлучи да издаде повеќе од 450.000 дозволи за мигранти помеѓу 2023 и 2025 година.
Покрај условите под кои им е дозволен влез на нови работници, Мелони зазеде цврст став во врска со нелегалниот влез, забрзувајќи го враќањето на нелегалните мигранти и ограничувајќи ги активностите на хуманитарните организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море.
„Квотите се одредуваат според потребите изразени од социјалните партнери и фактичките барања за работни дозволи примени во претходните години, со цел програма што одговара на потребите на компаниите и е реална“, се вели во соопштението.
Стареењето на населението и опаѓањето на стапката на наталитет се причините за потребата од привлекување странски работници во третата најголема економија во еврозоната. Во 2024 година, имало 281.000 повеќе смртни случаи отколку раѓања, а населението се намалило за 37.000 на 58,93 милиони, продолжувајќи го трендот што трае со децении.
Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.