Свет
Махмуд Абас на гости во резиденцијата на Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пречека во својата резиденција во Ерусалим палестинскиот претседател Махмуд Абас при што ги продолжиле разговорите за мировниот договор.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пречека во својата резиденција во Ерусалим палестинскиот претседател Махмуд Абас при што ги продолжиле разговорите за мировниот договор.
Како што пишува Reuters, и по средбата во среда на Бенјамин Нетнајаху и Махмуд Абас, нема знаци дека израелската и палестинската страна се приближиле до решавање на спорот за контроверзната изградба на еврејските населби на Западниот брег.
„Работиме многу на тоа, уште многу работа има, Драго ми е што можев да ги поздравам претседателот Абас и американската државна секретарка Хилари Клинтон тука, со заедничка желба да се постигне мир и сметам дека така треба да продолжиме“, одговорил израелскиот премиер Нетанјаху, запрашан дали е остварен напредок во поглед на еврејските населби.
Ова е прво влегување на палестинскиот претседател во службената резиденција на израелскиот премиер во Ерусалим откако десничарот Нетанјаху пред година иполовина ја презема должноста. Претходно во неа се сретна со поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт.
„Денеска повторно сум во оваа зграда. По долго време, а да ги продолжиме преговорите со надеж во остварување на мирот во целиот регион, посебно меѓу еврејскиот и палестинскиот народ“, запишал во книгата на гостите Абас. Претходно во средата официјален Вашингтон соопшти дека рокот за постигнување на мировниот договор не би требало да биде подолг од една година, а тој треба да го реши израелско-палестинскиот судир и да се заврши со воспоставување палестинска држава.
„Главното прашање е: ќе има или не да има населба активност по 30 септември? Ние ќе преговара секој пет минути отсега па до 30 септември. Ако тие продолжат со изградба на населбите, ние ќе се заминеме. Ако не продолжат, ќе останеме“, изјавил за Reuters, официјален палестински претставник. Во среда државната секретарка на САД го поздравила овој состанок велејќи кусо „Ова е времето, и ова се лидерите“ Велејќи дека двајцата лидери „се зафатиле со работа“ и надминување на главните прашања на конфликтот, Клинтон, исто така, не дала никакви индиции дека се дошло поблиску до решавање на спорот за изградбата на населбите кои се закана за мировните преговори што почнаа во Вашингтон за што инаку пошироката меѓународна јавност има силно изразен песимизам.
Нетанјаху, чија коалициска влада е доминирана од про-колонистичките партии, во неделата изјави дека нема да се продолжи мораториумот на изградбата на доселеничките населби, но може да го ограничи опсегот на натамошната изградба во некои населби.
Статусот на Ерусалим кој Палестинците го сакаат за главен град на нивната идна држава, судбината на палестинските бегалци, границите на идната палестинска држава и безбедносните договори, се главните прашања кои двете држави ќе мора да ги решат за да се обезбеди договор за траен мир.
Американските аналитичари сметаат дека ненадеен крај на разговорите наскоро откако што почнаа, ќе претставува силен политички удар за американскиот претседател Барак Обама пред американските избори на средина од мандатот во ноември, на кои неговата Демократска партија се очекува да претрпи пораз.
Спорните еврејски доселенички населби се градат окупираната територија од страна на Израел во 1967 г., по тн. Блискоисточната војна, кои се прогласени како нелегални од страна на Светскиот суд според меѓународното право, што, пак е оспорувани од страна на Израел./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи
Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите.
„Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа правејќи го тоа додека тој добивал фотографии од местото на настанот на својот мобилен телефон.
„Тукушто сега почнувам да разбирам што навистина се случило. Мислам дека ја познавав една од жртвите, но сè е сè уште многу свежо“, рече Квист.
Тој ја опиша ситуацијата како „скоро надреална“. „Се чувствував како да сум на место што го видов само на телевизија“, заклучи тој.
Свет
(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот.
„Ова е ужасна и незамислива трагедија“, рече тој. „Не можеме ни да замислиме низ што минува заедницата. Но, знам дека сето ова нè тера да ги прегрнеме нашите деца малку поцврсто вечерва“.
Премиерот Иби рече дека полицајците, кои пристигнале на местото на настанот во рок од две минути од повикот, можеби спречиле уште поголема трагедија со нивниот брз одговор. Тој исто така нагласи дека полицијата сè уште ги известува семејствата на жртвите.
All of BC is wrapping the families of Tumbler Ridge with love.
Supports are available:
BC Mental Health Support Line: 310-6789
Kids Help Phone: Text “CONNECT” to 686868
Thank you to the emergency responders on the ground for the work they are doing. pic.twitter.com/BqbkDnH9JT
— David Eby (@Dave_Eby) February 11, 2026
Според Иби, брзото пристигнување на полицијата значело дека „е спречено катастрофалната трагедија да биде многу полоша“.
Тој нагласи дека полицајците ги ризикувале сопствените животи брзајќи кон училиштето. „Тоа е херојски чин и им сум многу благодарен“, рече Иби. Полицијата објави дека вооружениот напаѓач бил пронајден мртов во училиштето и дека се сомнева на самоубиство.
Одговарајќи на прашања од новинарите, Иби потврди дека полицијата „продолжува да контактира со семејствата и најблиските роднини“ на жртвите. „Очекувам дека наскоро ќе добиеме нови информации од полицијата“, рече тој.
На прашањето за реакцијата на федералниот премиер, Иби рече дека тој „ја пренел тагата и очајот што ги чувствува, како и она со што се соочуваат жителите на Тамблер Риџ“. Иби додаде дека премиерот понудил помош од федералната влада во иднина.
Свет
Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад
Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и испраќајќи ги своите „молитви и најдлабоко сочувство“ до семејствата и пријателите на жртвите.
„Се придружувам на сите Канаѓани во жалењето за оние чии животи беа неповратно променети денес, и во знак на благодарност за храброста и несебичноста на првите реагирачи кои ги ризикуваа своите животи за да ги заштитат своите сограѓани“, се вели во соопштението на премиерот.
BREAKING: Reports now say as many as 10 people may be dead following the shooting at Tumbler Ridge Secondary School in British Columbia, Canada.
Authorities have confirmed multiple victims inside the school, another who died on the way to the hospital, and investigators are now… pic.twitter.com/d4z8SKBdFz
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) February 11, 2026
„Нашата способност да се обединиме во криза го покажува најдоброто во нашата земја – нашата емпатија, единство и сочувство едни кон други.
Се обратив до премиерот на Британска Колумбија за да изразам сочувство, како и до министерот за јавна безбедност Гари Анандасангари, кој го координира федералниот одговор. Нашите службеници се во близок контакт со своите колеги за да се осигурат дека заедницата е целосно поддржана во најголема можна мера. Владата на Канада е со сите жители на Британска Колумбија додека се справуваат со оваа ужасна трагедија“, заклучи Карни.

