Контакт

Политика

СДСМ: И Брисел потврди, Македонија нема за леб, а троши на чоколадо

Објавено пред

Извештајот на Европската унија го потврди тврдењето на Ставрески, „немаме за леб, а трошиме на чоколадо“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека клучната забелешка во Извештајот на Европската унија во делот на економија е дека Владата троши повеќе пари од тоа што граѓаните и државата можат да издржат.

„Според Европската комисија, растот на вкупниот јавен долг е загрижувачки. Има скриени задолжувања од страна на Владата што се ‘голема опасност’. Европската комисија го потврдува тоа на што постојано предупредуваме. Владата не го прикажува вистинскиот буџетски дефицит. Буџетскиот дефицит секогаш е поголем. Во меѓувреме, граѓаните гледаат, апетитите на Груевскине запираат. Преплашени од пролетното чистење во април, Груевски и Ставрески ги задолжуваат граѓаните каде ќе стигнат. Со нов кредит од 21 милиони евра од ЕБОР, со околу 90 милиони евра кредит кај Ерсте и Дојче банка, со нова обврзница од 500 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од најголемата опозициска партија велат дека до крајот на годината долговите на граѓаните што им ги прави Груевски ќе надминеле пет милијарди евра.

„Поради промашените економски политики на Груевски, точно 626.312 граѓани ја напуштиле Македонија во потрага по достоинствен живот. Над 180.000 граѓани преживуваат со по 40 денари на ден! Над 10.000 фирми се затворени, а секоја трета е со блокирана сметка“, заклучуваат од СДСМ./крај/мф/бс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 час

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет3 часа

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет3 часа

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...

Свет3 часа

(Видео) „Имавме неколку часа да се спасуваме и да заминеме“ – опожарени цели блокови во Пасадена

Уште една куќа гори втора ноќ по ред во Пацифик Палисадес, а пожарникарите признаваат дека немаат доволно вода за да...

Македонија15 часа

Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките

Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип....

Регион16 часа

Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот...

Македонија17 часа

Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство

Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа. Груби на универзитетот...

Македонија19 часа

Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена...

Македонија21 час

(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се...

Топ22 часа

Кривична против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, го оштетил Буџетот на МВР за над 926 илјади денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија22 часа

Во мај Мицкоски ќе соопшти 90 отсто од имињата на кандидатите за градоначалници, партиските анкети почнуваат месецов

Општинските комитети веќе ги доставиле предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече денес премиерот и лидер на...

Македонија23 часа

Мицкоски за интерпелациите: Очекувам напади што ќе поттикнат меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и неуспешно

Неуспешен обид за интерпелација на петмина функционери во Собранието очекува премиерот Христијан Мицкоски. Собранието в петок почнува со работа, а...

Регион24 часа

„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Според грчките медиуми, човекот...

Македонија1 ден

Веста дека Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово е одраз на културата на неодговорност и ароганција на ДУИ, велат од „Влен“

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз...

Македонија1 ден

Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово, најстудено било во Берово, каде што се измерени -1 степен, 2 степена било на Попова Шапка, Крива Паланка и...

Македонија1 ден

Повторно алармантно загадување во Струмица во последните два дена

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

Скопје повторно соборува рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост

Скопје се најде на седмото место на листата со најзагадени градови во светот, а на прво во Европа, со индекс...

Македонија1 ден

ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме

Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена...