Контакт

Македонија

Продолжува судењето за „Пајажина“

Објавено пред

Во Кривичниот суд во Скопје е закажано продолжение за судскиот процес „Пајажина“ во кој му се суди на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски и уште 22-ца обвинети за злосторничко здружување,

dobivaj vesti na viber

Во Кривичниот суд во Скопје е закажано продолжение за судскиот процес „Пајажина“ во кој му се суди на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски и уште 22-ца обвинети за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, даночно затајување и оштетување на доверители.Обвинителството го товари Рамковски за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружување и биле ставени во функција во зависност од потребите на членовите.Доколку Јавното обвинителство го претстави обвинението тогаш Рамковски, кој е првообвинет во случајот „Пајажина“, ќе треба да се произнесе за вината. На 20-ти јуни годинава Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 им го продолжи притворот на притворените од Пајажина за дополнителни 30 дена. Во истиот ден беше продолжена е и мерката куќен притвор, против останатите обвинети од истиот случај.Дел од обвинетите за случајот пајажина, меѓу кои е и сопственикот на А1 телевизија, се наоѓаат во притвор уште од 23 декември 2010 година.крај/макфакс/мд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.

Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки.

Исто така, министерот Пинтер упати покана до министерот Тошковски да уќествува на претстојната конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Будимпештанскиот процес, која ќе се одржи во Будимпешта во ноември оваа година.

Прикажи повеќе...

Скопје

Стефковски: Ова е време на дела за Гази Баба

Објавено пред

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во посета на Стајковци каде што направи увид на градежните активности за асфалтирање на улица 3.

dobivaj vesti na viber

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„Денешниот работен ден го започнавме со увид на градежните работи за асфалтирање на улица 3 во Стајковци. Жителите од оваа улица повеќе од 60 години газеле кал и земја. Дадениот збор пред граѓаните се исполнува! Ветив дека оваа улица ќе се асфалтира и денес тоа станува реалност! Реализираме инвестиции во патната инфраструктура како никогаш досега! Асфалтирани се повеќе од 70 локални улици во изминатите скоро три години од мојот мандат. Тука нема да застанеме! Продолжуваме понатаму! Ова е време на дела за Гази Баба! – напиша Стефковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари во Обединетите Нации повика на глобална соработка во борбата против антимикробната отпорност

Објавено пред

Министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакна посветеноста на Северна Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем по пандемијата COVID-19.

Таравари ја потврди заложбата за почитување на Резолуцијата 71/3 на ОН и имплементацијата на патоказот на СЗО за периодот 2023-2030 година, споменувајќи неколку достигнувања на Северна Македонија како што се надзорот на РАМ, подигањето на свеста за употребата на антибиотици и зајакнувањето на лабораториските капацитети, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина.

Министерот Таравари во оваа прилика повика на глобална соработка за борба против антимикробната отпорност за заштита на здравјето на идните генерации.

„Додека се подготвуваме за 4-та министерска конференција за антимикробна отпорност во ноември 2024 година, ги повикуваме претставниците на сите земји-членки овде да се обединат во нашите напори против РАМ. Заедно, можеме да го заштитиме здравјето на сегашните и идните генерации“, рече Таравари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател, Румен Радев ја дефинираше одлуката на Европската унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет1 час

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откако ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија1 час

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет5 часа

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет5 часа

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет11 часа

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...

Македонија14 часа

Членството во ЕУ го чекаме од 2005 година, охрабрувани со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, рече Сиљановска Давкова во ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се...

Македонија16 часа

(Видео) Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу...

Топ19 часа

Во училиште во Илинден пронајдена почината вработена

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била...

Македонија21 час

Во пресрет на грејната сезона: инспектори од еден град ќе вршат надзор на еколошките дозволи на компаниите во други градови

Државниот инспекторат за животна средина ќе тргне во акциска контрола на издадените еколошки дозволи, пред сè, на производните капацитети на...

Македонија22 часа

Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранителите нема да помине, во СДСМ преку ноќ станаа националисти

Владата има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите внатре во владината коалиција, рече денес министерот за животна средина...

Македонија22 часа

Бугарските политичари: Албанија оди напред, а Северна Македонија нека се справува со тоа што самата си го создаде

Лидерот на најголемата формација во парламентот во Бугарија, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го...

Македонија23 часа

Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица што не била дел од годишната програма

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување,...

Македонија24 часа

Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекчилниците, помалите маркети

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори...

Македонија24 часа

Се трага по маж од Белгија кој исчезна на Галичица, со себе носел планинарска опрема, а никој не го видел веќе една недела

Службите и граѓаните трагаат по 72-годишен маж на кој веќе една недела му се губи секаква трага. Станува збор за...

Македонија1 ден

Лефков: Генералниот секретаријат на Владата во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност. Според...

Македонија1 ден

„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да...

Македонија1 ден

Тирана може да го престигне Скопје на патот кон ЕУ, Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ, анализираат бугарските медиуми

Она што вчера го одлучија амбасадорите на Европската Унија е ЕУ и Албанија да почнат да ги отвораат преговарачките поглавја...

Свет1 ден

Дуда: Светот не би ѝ простил на Русија за употребата на нуклеарно оружје, проколнат ќе биде првиот што ќе го употреби

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека руската закана да го задржи правото на користење нуклеарно оружје не е ништо ново,...

Регион1 ден

Борел со лидерите на Западен Балкан: Вие сте интегрален дел од иднината на Европа, членството во ЕУ е на дофат под услов да се спроведат клучните реформи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, беше домаќин на лидерите на Западен Балкан, на неформалниот...