Скопје
„Скопје креатива“ објави конкурси за изработка на дизајни за пет брендови
Платформата „Скопје креатива“ објави наградни конкурси за изработка на дизајни за пет македонски брендови.
Компанијата „Инфинити солушнс“ ги повика ИТ дизајнерите од Македонија да се вклучат во нивниот повик за изработка на софтверски продукт, брендот „Мама с“ објави конкурс за изработка на уникатна и лесно монтажна полица за поставување на нивните производи, компанијата „Пакомак“ ги повика сите дизајнери да направат креација од амбалажен отпад, а компанијата „Вива“ да изработат препознатлива маскота за нивните сокови.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претставници од бизнис –заедницата во четврток одржаа конференција за медиуми по повод објавувањето јавни повици до креативците од нашиот град, кои ќе учествуваат во наградните конкурси организирани преку платформата „Скопје креатива“.
На конференцијата присутните беа информирани за деталите на годинешната програма на проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“, со цел создавање инвентивни и конкурентни креативни производи и услуги за фирмите или компаниите во компаниите учеснички во проектот.
„Проектот и фестивал „Скопје креатива“ има цел да промовира, афирмира и создава конкретни производи и услуги, кои ќе бидат конкурентни на светскиот пазар. Идејата на овој проект е да овозможи посилно да се поврзат креативните индустрии од една страна и бизнис-заедницата од друга страна, со цел да се подигне свеста за значењето од ваквата соработка, а воедно и да се зголеми профитабилноста на индустријата во целост. „Скопје креатива“, на овој начин покажува и докажува дека ваквите врски меѓу креативниот потенцијал и бизнис-заедницата отвора можност за ангажирање на лицата вклучени во ваквите инцијативи, а воедно се дава посебно значење на уметничкото изразување во областа начерена креативна индустрија“, истакна градоначалникот Трајановски.
На конференцијта за медиумите директорката на Универзална сала, Вера Бошковска, најави дека во рамките на проектот „Скопје креатива“, ќе се објави и првата дигитална дата-база на податоци за бесплатна регистрација на сиот креативен потенцијал од нашиот град, која ќе биде достапна преку официјалната веб страница на „Скопје креатива“, а ќе претставува уште една можност за директно вклучување на креативците и бизнис-секторот од нашава држава.
Проектот „Скопје креатива“ е поддржан од Град Скопје, а ќе го реализира Униврзална сала.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

