Контакт

Македонија

Македонското новинарство со страшен квантитет, а без квалитет

Објавено пред

Новинарството во Македонија бележи страшен квантитет, кој наместо да води до квалитет оди кон девалвација на професијата, полесна манипулација,цензура и се поголемо намалување на професионалните стандарди.

dobivaj vesti na viber

Новинарството во Македонија бележи страшен квантитет, кој наместо да води до квалитет оди кон девалвација на професијата, полесна  манипулација,цензура и се поголемо намалување на професионалните стандарди. Ова го заклучија учесниците на дебатата за состојбата со медиумите и нивната улога во општествениот живот: Роберт Поповски, Претседател на Здружението на новинари, Билјана Бејкова, НВО Инфо центар, Борјан Јовановски – А2 Телевизија, Бранко Тричковски, ГЛОБУС Магазин и Петрит Сарачини од МИМ, кои истакнаа дека вината за состојбата во новинарството кое презентира „испеглани и испрани информации кои не треба да предизвикаат никакви полемики во јавноста“ прво треба да се бара кај самите новинари. „Уредништвото во Македонија е пропаднато,“ вели Петрит Сарачини од МИМ. „Уредниците не успеваат да ги заштитат граѓаните од грешките на новинарите, со спремање на новинарите и нивно информирање пред одење на настани бидејќи тоа е нивната работа. За жал повеќето уредници во Македонија станаа само јадачи на бесплатни ручеци и пијачи на кафе по улица Македонија,“ рече тој. Според Роберт Поповски, Претседател на Здружението на новинари, во 2001-та  новинарите се тешеле дека ако ништо друго бил избегнат говорот на омраза, што придонело ситуацијата да се реши на побезболен начин, за сега, девет години подоцна да се случуваат јавни линчови на личности. „Имаме луѓе кои се нарекуваат новинари, кои јавно повикуваат на линч на граѓани кои имаат различно мислење од нивното, си дозволуваат да се закануваат по животот на новинарите и ниту една институција во Македонија не презема мерки за да ги казни сторителите,“ рече Поповски и додаде дека неговата генерација, за жал, не препознала дека влегувајќи во дилови со сопствениците, всушност ја поткопува својата фела и професија. „Ситуацијата со медиумите во Македонија е апсурдна, шизофрена и трагична. Ние мораме да се сватиме дека медиумите се дел од граѓанското општество, а не продолжена рака на политичките структури,“ порачува Билјана Бејкова од НВО Инфо центарот. Борјан Јовановски од А2 Телевизија истакна пример од Република Чешка, кога во државната телевизија се обидуваат да стават уредник близок до владеачката гарнитура, новинарите организираат штрајк на кој успеваат да придобијат 100.000 граѓани на своја страна. „Ова што ни се случува на нас како новинари, го заслужуваме и се додека вака се поставуваме кон состојбата, работите ќе бидат такви какви што се,“ кажа Јовановски, додавајќи дека новинарството веројатно е единствена професија во земјата која нема свој синдикат. Поповски и Јовановски потсетија дека реформите во Здружението на новинарите на Македонија се започнати, направени се промени во Статутот на организацијата и во Собранието и начинот на бирање раководството, со што очекуваат истото да привлече и помлади новинари и да придонесе во подобрувањето на квалитетот на новинарската професија во земјата. Дебатата ја организираше Институтот за социјална демократија – Прогрес. /крај/ко

Македонија

„Денес не зборуваме за политичка победа туку за доверба“: конституиран новиот совет на Општина Карпош

Објавено пред

Денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Карпош. Седницата, како што соопштија од општината ја отвори досегашниот претседател на Советот, Бранко Ристов, кој им се заблагодари на советниците од минатиот мандат за соработката, а на новите им посака успешна работа, добар дијалог и многу конструктивни дебати. Претседателката на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања, Андријана Јакимовска Панчевска, ги верифицираше мандатите на 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Карпош, по што советниците положија свечена заклетва.

dobivaj vesti na viber

Во оваа пригода, со поздравен говор пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој најави дека општината влегува во нова етапа на одговорност, почит и работа.

– „Денес не зборуваме за политичка победа. Зборуваме за доверба — довербата што ни ја дадоа граѓаните на Карпош. Тоа не е само резултат на избори, тоа е порака дека сакаат промени, ред, сигурност и живот со вистински вредности. Верувам дека вистинското лидерство не е во тоа да победиш противник, туку да создадеш средина во која сите победуваат. Имаме можност за достоинствен почеток – време кога, без разлика на политичките идеологии, сите заедно ја преземаме одговорноста да работиме за доброто на нашите сограѓани – посочи Лукровски.

Првиот човек на Општината им вети на советниците дека ќе биде секогаш достапен за нив, кога е потребна соработка и изнаоѓање на соодветни решенија во корист на карпошани.

– „Верувам и ветувам дека заедно, низ дијалог и почит, ќе изградиме локална самоуправа која ќе се развива рамномерно, со современа инфраструктура, чиста животна средина, поддршка за образованието, културата, спортот и социјалната заштита. Нашата заедничка цел мора да биде едноставна, но голема. Карпош да биде место каде граѓаните живеат достоинствено, каде институциите се отворени, и каде гласот на секој жител се слуша и се почитува. Јас сум убеден дека со континуирана работа ќе го трансформираме нашиот Карпош, кој ќе биде општина за пример!“ – додаде Лукровски.

Во продолжение на конститутивната седница, со мнозинство гласови од советниците беше избран Христо Саракинов, кој во наредниот четиригодишен мандат ќе ја извршува функцијата претседател на Советот на Општина Карпош.

По разгледување на предложените решенија, советниците избраа претседатели и членови на 11 Комисии, кои во претсојниот мандат ќе заседаваат и работат во функција на Советот на Општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија и Египет ќе соработуваат во високото образование и науката

Објавено пред

Македонија ќе добие поддршка во напорите за унапредување на високото образование од страна на Египет, земја чии универзитет забрзано се искачуваат на глобалните ранг листи, а ќе се продлабочува и билатералната соработка во областа на науката и истражувањата. Ова беше потврдено на состанокот помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур, што се одржа денес во Каиро.

dobivaj vesti na viber

Работно тело составено од претставници што ќе ги номинираат ресорните министерства на двете држави ќе дефинира конкретни активности што ќе ја продлабочат соработката, а ќе се разгледаат и можностите за креирање на заеднички студиски програми со двојни дипломи. Во фокус ќе бидат високообразовните установи во областа на медицината и техничките науки, со особен акцент на компјутерското инженерство и земјоделството.

Министерката Јаневска ги претстави промените кои се започнати во областа на високото образование во Македонија, нагласувајќи дека во моментот се изработува и ново законско решение, а ефектите од планот за реформи се очекуваат на среден рок од 5 години. Се осврна и на значително зголемениот буџет за наука и финансирањето на зголемен број научно – истражувачки проекти од интерес за државата и јавноста, усвојувањето и спроведувањето на Стратегијата за паметна специјализација на државата, а нагласи и дека министерството иницираше постапка за основање на првиот државен научно – технолошки парк кој ќе биде под надлежност на државата.

Министерот Ашур ги претстави силните страни на египетскиот високообразовен систем и политиките кои помагаат за забрзано напредување на државните универзитети на меѓународните рангирања. Изрази подготвеност во текот на овој месец да се формира работното тело меѓу двете држави, а веќе во следниот да се одржи непосредна средба на ректорите на шесте македонски државни универзитети и ректорите на најистакнатите египетски, како Универзитетот во Каиро. Го сподели националното искуство со основањето на научно – технолошки паркови и центри за извонредност, што ќе биде од голема корист за Македонија да ја оствари истата цел.

Јаневска од вчера е во Каиро каде се одржува Глобалниот конгрес за население, здравство и развој на човечки капитал. Ќе учествува на повеќе панел дискусии, а ќе биде воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење. Во текот на утрешниот ден ќе се сретне и со египетскиот министер за основно и средно образование, Мохамед Абдел Латиф.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, порача Лукровски на денот на ослободувањето на Скопје

Објавено пред

Делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Сотир Лукровски и советниците Христо Саракинов (ВМРО – ДПМНЕ) и Татјана Стојановска (Независни за Карпош) , денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред.

dobivaj vesti na viber

На тој начин, претставниците од локалната самоуправа одадоа почит по повод одбележување на 81 годишнината од ослободувањето на главниот град. Во рамки на свеченоста која ја организираше Сојузот на борци на Македонија, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред се поклонија и бројни делегации и претставници од граѓански здруженија.

Пред присутните се обрати и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој во оваа пригода ја истакна важноста од чествување на празниците, кои се темел на македонската национална свест.

„Со жалење ќе констатирам дека бројот на живите сведоци од НОБ е навистина мал. Затоа апелирам, ние помладите да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, бидејќи сите тие елементи се дел од нашата колективна историја“ – констатираше Лукровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион16 часа

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија17 часа

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет17 часа

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...

Македонија18 часа

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение што спаѓа под кривична...

Македонија20 часа

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет21 час

Излегоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет21 час

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа21 час

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет21 час

„Боинг“ мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет21 час

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет1 ден

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија2 дена

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија2 дена

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија2 дена

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија2 дена

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура2 дена

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија2 дена

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...