Свет
Продолжува потргата по исчезнатите во бродската несреќа кај Виетнам
Виетнамски спасувачки екипи продолжуваат да трагаат по уште десет странци исчезнати по потонувањето на турустички брод крај северниот брег на земјата, јавува Виетнам новинска агенција (VNA)
Бродот „Труон Хаи“, кој превезувал 21 турист и шест членови на екипажот потона околу полноќ по македонско време крај островот Титов во популарниот туристички залив Халонг Беј. Според првичните информации бродот потонал откако неговата внатрешност се преполнила со вода којашто од засега неутврдени причини почнала да влегува преку машинското одделение. Како што јави VNA, на туристичкиот брод имало тројца американски државјани, двајца руски, по еден британски, германски, јапонски и еден австралиски и по двајца државјани на Италија, Данска, Франција, Шведска, Швајцарија и Виетнам. За време на пребарувањето и спасувачката операција досега биле пронајдени и извлечени од водата сите шест членови на екипажот, двајцата виетнамски туристи и деветмина странци чие државјанство не е соопштено. Претходно во четвртокот навечер Assocaited Press јави дека при потонувањето на бродот се удавиле 11 или 12 странци и еден локален жител. Потрагата на местото од потонување на брод продолжува и натаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

