Свет
„Изгрев“ заложен за кредит од четири милиони евра без согласност од МПЦ
Прекршен е законот, зашто кредитот е земен без согласност од содружниците во фирмата, меѓу кои е и МПЦ, утврдиле странските ревизори
РЕВИЗИЈА ВО СТРУШКАТА ФИРМА „МИЛАДИНОВИ“
Прекршен е законот, зашто кредитот е земен без согласност од содружниците во фирмата, меѓу кои е и МПЦ, утврдиле странските ревизори
Хотелот „Изгрев“ кај Струга е ставен под хипотека за банкарски кредит од четири милиони евра без согласност од Македонската православна црква – еден од сопствениците на објектот, покажа ревизијата во фирмата „Миладинови“.
Кредитот, во два наврата, е земен од германската ЛХБ банка од Франкфурт, за него гарантирала словенечката фирма „Енгротуш“, а го подигнала струшката фирма „Миладинови“ во која, освен браќата Димитар и Ѓорѓи Миладинов, содружник е и МПЦ. Ревизорите утврдиле дека е прекршен Законот за трговските друштва, зашто ниту за кредитот ниту за хипотеката на хотелот нема согласност од содружниците во друштвото „Миладинови“.
Дознаваме дека ЛХБ банка повела истрага против одговорното лице што го одобрило кредитот без да побара одлука за согласност за задолжување на фирмата „Миладинови“ пред банката. Кредитот се’ уште не е вратен.
Во МПЦ вчера потврдија дека никогаш не дале согласност за задолжување на фирмата со кредит пред ниедна странска банка. МПЦ во 2001 година за околу 500.000 евра купила 59 отсто од акциите на хотелот, кој е во непосредна близина на црковниот комплекс Калишта. Купувањето го извршил струмичкиот митрополит Наум. Хотелот набрзо отишол во стечај поради долговите, кои исто така изнесувале половина милион евра. Објектот со лицитација го купила фирмата „Миладинов“ за 850.000 евра.
Неодамна Димитар Миладинов потврди дека како основач на фирмата се јавува и МПЦ, но рече дека таа не учествувала со никаков влог во нејзиното работење.
– Нема црковни пари во друштвото, ниту е префрлен некаков имот врз некој друг. Не гледаме причина за поврзување на злоупотребите со МПЦ. Ова се заткулисни афери со цел да и’ се направи штета на МПЦ – изјави тогаш Димитар Миладинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

