Македонија
СДСМ : Kаде завршија 12,5 милиони денари од нереализираните проекти?

Каде завршија 12,5 милиони денари од буџетот на Велес наменети за проекти кои не се реализираа во 2009?
Каде завршија 12,5 милиони денари од буџетот на Велес наменети за проекти кои не се реализираа во 2009?
Ова прашање денеска го постави општинската организација на СДСМ во Велес, која се сомнева дека овие пари завршиле во нечии џебови.
Од СДСМ прашуваат зошто не се направи инфраструктура на Езерото Младост, пешачки мост и фекална канализација за сателитската населба, иако за тоа во буџетот на општина Велес за 2009 година беа предвидени 12,5 милиони денари.
„Сакаме да запрашаме зошто овие проекти не се реализирани иако се предвидени во општинскиот буџет“, изјави Дејан Гавазов советник од СДСМ.
Според надлежните парите се во општинската каса и ќе се искористат за тоа за што биле предвидени, но СДСМ обвинува дека неприсуството на градоначалникот на седницата за остава многу неодговорени прашања.
Средствата од касата се трошат наменски, велат надлежните од локалната самоуправа кои додадоа дека пари има но поради низа на околности реализацијата на дел од проектите е преместена за оваа година.
„Парите не можат да се одлеат од сметката, туку во прашање е динамиката на изведување. Сите проекти кои не се реализирале во 2009, ќе се работат и годинава, изјави градоначалникот на Велес Горан Петров.
Од СДСМ се сомневаат дека во буџетот на Велес нема средства за овие проекти и дека општината ќе се задолжува за нивна реализација, но надлежните веднаш ги демантираа овие тврдења истакнувајќи дека евентуалното задолжување ќе биде за други проекти./крај/лисица/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Буџетот на Чаир, Бујар би го потрошил за една недела, државниот ревизор му ги извади валканите алишта на виделина

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, денеска реагираше на начинот на кој поранешниот министер Бујар Османи ги менаџирал јавните пари, предупредувајќи дека злоупотребите и вештачки надуените цени во тендерите се директна опасност за секоја институција и за буџетот на граѓаните.
„Ако само замислиме дека со вакви цени, со вакви рекетирања, Бујар ќе ја косеше тревата во Чаир исто како во салата ‘Борис Трајковски’, тогаш е јасно дека буџетот на општината ќе се проголта за една недела. Со таков начин на лошо менаџирање, наставниците ќе останеа без плати, а граѓаните без основни услуги“, изјави Меџити.
Тој се повика на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој како што оцени, констатирал сериозни злоупотреби при организацијата на дводневен самит, за кој биле потрошени околу два милиони евра државни пари.
„Овде не станува збор за мои зборови или политички обвинувања. Овде зборуваат фактите, документите и официјалните извештаи. А кога еден министер троши два милиони евра за дводневен самит, додека граѓаните се мачат со инфраструктура, образование и основни услови, тоа е непростливо“, нагласи Меџити.
Тој потсети и на времето кога Османи беше министер за здравство, споменувајќи дека во Гинеколошката болница во Чаир тогаш добил прекар „пациентот“ – што според него е симболичен показател за неуспешното раководење со институциите.
Меџити кој денес оствари посета на ОУ “Васил Главинов” порача дека Чаир заслужува транспарентно управување, реални инвестиции и грижа за граѓаните, а не злоупотреби и тендери со рекетирање.
„Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари. Моја обврска како иден градоначалник е да ја вратам довербата и да го заштитам буџетот на Чаир од вакви злоупотреби“, заклучи тој.
Македонија
На Табановце се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Градот Скопје известуваат дека утре (петок), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.