Македонија
Четири национални телевизии обвинија дека „Бум ТВ“ ги пренесува на диво
Операторот „Бум ТВ“ е законски обврзан да обезбеди подеднаков третман кон сите телевизии, а тоа не го прави во еден многу чувствителен дел во кодирањето на сигналите.
Операторот „Бум ТВ“ е законски обврзан да обезбеди подеднаков третман кон сите телевизии, а тоа не го прави во еден многу чувствителен дел во кодирањето на сигналите.
Ова беше наведено на денешната заедничка прес конференција на националните телевизии Сител, Телма, Канал 5 и Алсат-М, кои денеска основаа Групација.
Според директорот на Алсат-М, Сашо Орданоски „Бум ТВ“ нема договор за реемитување со ниту една од наведените телевизии и бесправно ја емитува нивната програма.
„Ние сме скандализирани од постапките на „Бум ТВ“ и за нас е акт на пиратерија да се симнува сигналот од планините од околината на Скопје и потоа да се пренесува на нивните мрежи“, рече Орданоски.
Тој истакна дека четирите национални комерцијални телевизии немаат никакво сознание под кој услови единствената преостаната национална телевизија постигнала договор со Бум Тв.
„Неможеме да толерираме одреден конфликт на интереси кој што се јавува во функционирањето на „Бум ТВ“. Ние не мислиме дека е коректно од сите национални телевизии само еден да остварува профит од својот однос со Бум ТВ“, вели Орданоски.
Запрашан зошто овие телевизии и натаму продолжуваат на своите програми да емитуваат реклами на „Бум ТВ“, Ордановски посочи дека станува збор за облигаторни договори, кој што овие телевизии планираат до крај да ги исполнат
Директорот на „Канал 5“ Иван Мирчески негираше дека новоформираната групација сака да се исклучи од „Бум ТВ“, туку инсистира да биде постигнат договор
„Не е точно дека ние сакаме да се исклучиме, туку сакаме да се постигне договор, доколку не се случи тоа ние сме ставени во лоша ситуција“, рече Мирчески.
Тој појасни дека различни биле договорите за емитување на дигитална телевизија, од тие што биле за аналогна телевизија.
Сител, Телма, Канал 5 и Алсат-М, очекуваат до 25 мај превземање на соодветна реакција од надлежните институции, но и од раководството на „Бум ТВ“ .
На прашањето зошто и А1 ТВ не е дел од новоформираната Групација, тие велат дека сопственикот на А1 не пројавил интерес да им се приклучи.
Групацијата најавува дека ќе работи по принцип на консензус во заштита на прашањата од заеднички интерес, но и натаму телевизиите ќе се останат конкуренти.
Меѓу прашањата со кои Групацијата ќе се занимава во наредниот период ќе биде процесот на дигитализација, заштита на авторските права, пазарната позиција, мерење на рејтингот, маркетингот, а воопшто нема да се занимава со новинарските прашања. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стаменкоска Трајкоска-Клеин: Соработката со Унгарија е пример за вистинско партнерство
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес во просториите на општината оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клеин. Во рамките на разговорот, таа ја претстави својата визија за развој на општината, а посебно беше нагласена подготвеноста за унапредување на долгогодишната соработка меѓу општината и Унгарија.
Соговорниците посебен акцент ставија на продолжувањето на традицијата на чествување на Шандор Петефи, чија биста е поставена во новиот парк во Драчево. И годинава ќе продолжат активностите поврзани со неговото одбележување, а најавен е и конкурс за учениците од основните училишта, посветен на теми од унгарската историја и државност.
-Преку вакви проекти не само што го унапредуваме урбаниот и културниот живот во Кисела Вода, туку и ги зајакнуваме врските меѓу македонскиот и унгарскиот народ. Нашата соработка со Унгарија е пример за вистинско партнерство и верувам дека и во иднина ќе реализираме уште многу заеднички иницијативи-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
На средбата присуствуваше и претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија-Теледом, Јожеф Шутуш, кој ја потврди долгогодишната соработка и одличните релации со Општина Кисела Вода, како основа за понатамошно зближување и заеднички развој.
Македонија
Мицкоски: Над 160 проекти се предвидени во образованата инфраструктурa
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието.
„Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн, нешто што претставува императив за оваа Влада“, рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека за година и половина, повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието и дека продолжуваат со нови инвестирања во оваа област.
„Инаку чисто за да споменам, последно што го разгледувавме, беше дека за година и половина, повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието, а од тие некаде околу 56–57 милиони се дел од програмата АА. Така што образованието е еден од нашите главни приоритети како Влада. Продолжуваме и понатаму да инвестираме, бидејќи без квалитетно и добро образование нема иднина“, изјави тој.
Македонија
Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД.
Тој појасни дека суспендирањето на визите за 75 земји, меѓу кои и Македонија, не ги опфаќа визите за потребите на студирањето и туристичките посети, туку само оние кои се однесуваат на имиграција.
„Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога станува збор за ваквов тип на односи помеѓу нашиот стратешки партнер“, рече Мицкоски.
Во таа насока изрази и разочараност од однесувањето на опозицијата.
„Жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон Обединетото Кралство, тоа го прави сега и со САД. Неодамна кога беа наметнати оние трговски тарифи од 30 до 35 отсто, истите тие кои јас ги нареков талог на општеството во политиката поитаа да го навредуваат САД, а ги немаше да се извинуваат кога стапката се намали на 15 проценти“, рече премиерот.
Мицкоски очекува позитивен исход.
„Јас би бил внимателен и трпелив и очекувам добри вести“, додаде.

