Македонија
Во Ново Лисиче општонародна прослава на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица
Општина Аеродром годинава логистички ќе ја поддржи прославата на големиот верски празник „Успение на Пресвета Богородица“, познат меѓу народот како Голема Богородица
Прославата на овој голем верски празник ќе се одржи на 28 вгуст (петок) во попладневните часови на отворениот простор меѓу трите кули со броеви 39, 41 и 43 на булеварот Видое Смилевски Бато во скопската населба Ново Лисиче.Организатори на прославата по шести пат се станарите на трите кули, кои оваа традиција ја почнаа во 2003 г.На манифестацијата ќе настапат познати пејачи и групи од музичката сцена во Македонија, а пред почетокот на народната забава околу мини црквичката што е поставена на овој простор, високи свештени лица ќе одржат света литургија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации
Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство, велат од СДСМ.
На првата седница на Централниот одбор, одржана во одлична и позитивна атмосфера, беа избрани членовите на Извршниот одбор, потпретседателите и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Потпретседатели се имињата на Кристина Костова, Менде Илиевски, екс министерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Оваа комбинација на млади, мотивирани луѓе и искусни професионалци претставува сигнал за нова насока во работењето на СДСМ, додаваат од партијата.
„СДСМ го започнува процесот на консолидација на сите нивоа, со цел да допре до членовите и симпатизерите, да ги слушне нивните предлози и преку инклузивен процес да ја гради својата нова идеолошка платформа. Работата почнува веднаш со план за посета на сите општински организации“, истакна претседателот Филипче.
Новото раководство ја истакна својата решителност и веднаш се зафаќа со спроведување на конкретни активности. Веќе е подготвен план за работа, со посети на локалните организации и иницирање нови форми на комуникација кои ќе го доближат партиското раководство до членовите и симпатизерите. Промените во начинот на делување ќе бидат насочени кон оние кои останале настрана, со цел да се вклучат во широк и инклузивен процес на креирање политики.
Со оваа енергија, новиот тим и јасна визија, СДСМ покажува дека е подготвена да го врати довербата на граѓаните и да биде предводник на позитивните промени во општеството, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
Денеска, во Цетиње, претседателката Сиљановска Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.
Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
Утре, 29 ноември 2024 година, петок, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)