Свет
Сириските безбедносни сили убија најмалку шест луѓе
Силите за безбедност на Сирија убија најмалку шест луѓе, во акцијата, во градовите Диер Езор и Хама и во северозападната провинција Идлиб, која се наоѓа на границата со Турција, соопштија денеска активистите за човекови права.
Силите за безбедност на Сирија убија најмалку шест луѓе, во акцијата, во градовите Диер Езор и Хама и во северозападната провинција Идлиб, која се наоѓа на границата со Турција, соопштија денеска активистите за човекови права.„Операциите кои утринава беа спроведени во Идлиб завршија со двајца загинати и неколкумина ранети, откако безбедносните сили пукаа со огнено оружје“, соопшти Организацијата за следење на човековите права, пренесува АФП. Сириските тенкови влегоа во градот Биниш, кој се наоѓа на 30 километри од границата со Турција, иако поради зголемениот притисок на меѓународната заедница, во Дамаск пристигна турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Целта на неговата посета е да го повика претседателот Башар ал-Асад да го сопре насилството и да му ја пренесе пораката дека Анкара „го губи трпението“. Сириската организација денеска наведе дека две лица денеска починале од здобиените прострелни рани во градот Деир Езор. Во овој град силите за безбедност уапсија 17 лица. Неименуван адвокат изјавил дека двајца луѓе биле убиени во градот Хама, во кој 50 тенкови се распоредени во дистриктите Хилфаја и Тибет ел Имам. Во репресивните мерки кои ги спроведува сирискиот режим, од почетокот на март, кога започнаа протестите, убиени се повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи и 400 припадници на безбедносните сили. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

