Економија
Македонија прва во регионот воведува 4G технологија

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во четвртокот соопшти дека објавила тендер за доделување на радиофреквенции за користење на 4G технологија.
Покрај тендерот за 4G технологија, АЕК како дел од стратегијата за гасење на аналогниот сигнал во 2013 година распиша и тендер за избор на оператор за дигитален систем DVB –T кој ќе ги пренесува ТВ радиодифузерите.Со објавата на Јавен тендер со јавно наддавање за доделување на фреквенции за 4G технологија, Македонија станува првата држава во регионот која ќе добие оператор кој ќе имплементира LTE (long term evolution) технологија од четвртата генерација на мобилни технологии, со што нашите граѓани ќе можат да го користат најбрзиот интернет пристап што го овозможува сегашниот развој на мобилните технологии.“Отпочнувајќи од 01.09.2013 год, операторот кој ќе добие одобрение за користење на овој фреквенциски опсег наменет за LTE (long term evolution) технологија ќе отпочне со користење на радиофреквенции за обезбедување на услугите до крајните корисници“, соопштуваат од АЕК.На овој начин АЕК стимулира обезбедување брз мобилен интернет пристап и во руралните средини, со оглед на тоа дека дел од обврските на операторот се покривање на 95% од територијата на државата со овој вид на мрежи во период од 4 години.Со овој чекор Република Македонија се приближува кон исполнување на дел од чекорите пропишани во Дигиталната Агенда – 2020 на Европската Унија.Паралелно, АЕК објавува и Јавен тендер за доделување на радиофреквенции на DVB-Т оператор на дигитален терестријален систем кој ќе ги пренесува ТВ радиодифузерите во дигитален формат отпочнувајќи од први јуни 2013 год.Изборот на оператор на дигитален терестријален систем DVB-Т претставува основа за отпочнување на процесот на премин од аналогна на дигитална телевизија. Со заокружување на овој процес отпочнувајќи од први јуни 2013 год, граѓаните на РМ ќе добијат поквалитетен ТВ сигнал како и дополнителни услуги (програмски водич, избор на јазик итн). Операторот на дигитален систем кој ќе биде избран и на кого ќе бидат доделени радиофреквенциите ќе има обврска до први јуни 2013 година да покрие минимум 80% од домаќинствата во РМ со дигитален сигнал. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија.
Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно модернизирана и реконструирани железнички станица во Скопје и реконструирани станици низ Македонија.
Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.
Со поддршка и следење на британските и европските стандарди овој проект е од големо значење и ќе ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај.
Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце – Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.
Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 – 120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.
Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него.
Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%.
Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното.
Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.
Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија.
Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.
Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси.
Одговорност за овој милионски скандал мора да има, а ЈО да отвори истрага“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денеска Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу земјите-членки на Европската унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се вклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).
Од друга страна, најниско учество имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).
Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно време.
Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто).