Свет
Најмалку 15 убиени во протестите во Иран

Најмалку 15 лица биле убиени во протестите против иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, што се одржаа во неделата во Техеран, јави иранската телевизија
Најмалку 15 лица биле убиени во протестите против иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, што се одржаа во неделата во Техеран, јави иранската телевизија.
Властите го привеле клучниот човек на опозицијата, поранешниот министер за надворешни работи Ебрахим Јазди. Според опозиционите интернет страници Јазди, кој е генерален секретар на Иранското движење за слобода, бил приведен во недела изутрина и одведен во непознат правец.
Иранската телевизија јави дека во неделата „терористички групи под сомнителни околности убиле пет луѓе“, а министерството за информирање соопшти дека биле убиени повеќе од десет познати членови на антиреволуционерните терористички групи.
Високиот претставник на иранската полиција Ахмед Реза Радан во неделата потврди дека припадниците на безбедносните сили во Техеран убиле најмалку пет луѓе, меѓу кои и внукот на опозиционите лидер Мир Хосеин Мусави. Радан соопшти и дека во протестите биле уапсени над 300 лица.
Иранската полиција претходно демантираше дека во протестите имало жртви.
Демонстрациите во неделата, беа најкрвави по јуни, кога почнаа масовните протести по реизборот на Ахмадинеџад за шеф на државата./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.
Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.