Македонија
ЗНМ реагира на изјавите од Владата и од Црвенковски
Здружението на новинарите на Македонија најостро реагира на соопштението на Владата и на изјавата на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во која се етикетираат новинарите, што, како што велат од ЗНМ, веќе подолг период се практикува од политичката елита во земјава „Во соопштението од Владата лиферувано вчера како реакција на протестот на новинарите на А1 телевизија, Време, Шпиц и **** Е РЕ, истите се нарекуваат „група лица вработени во компании коишто имаат седиште на улица Перо Наков б.б.“, за кои подолу во соопштението стои дека манипулираат и дека ја злоупотребуваат општествената позиција за нарушување на имиџот на Владата „во функција на остварување на лични и политички интереси на поединци и партии““, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на ЗНМ, Насер Селман.Од друга, ЗНМ, му забележува и на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски кој во денешната изјава телевизиите Сител и Канал 5 ги нарече „партиски послушници и платеници“. Заради овие вербални атаци врз новинарската професија и медиумите, ЗНМ бара и од Владата и од Црвенковски, но и од сите други политички субјекти, да престанат со нападите и етикетирањето на новинарите.„Ги повикуваме новинарите, и покрај сите квалификации и намери за нивна поделба, да останат единствени и достоинствено да истраат во извршувањето на своите професионални задачи“, се дополнува во соопштението на ЗНМ. /крај/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.