Македонија
Иванов на ифтар во Дебар

Да покажеме дека во Македонија секогаш се живеело заедно и така ќе се живее во иднина, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од ифтарската вечера во дебарското муфтивство
Во средата навечер Претседателот Ѓорге Иванов присуствуваше на ифтарска вечера во Дебар, заедно со претседателот на Исламската верска заедница, реис ул улема ефенди Сулејман Реџепи, со градоначалниците на соседните и други градови од Македонија, пограничиот албански град Пешкопеа, претставници на МПЦ и старешините на дебарското муфтиство и на дебарската парохија.„Навистина ми е чест да бидеме тука во Дебар, градот кој што има стара традиција за гостопримство. Заради тоа во разговорот со претседателот на државата, дебарското муфиство го избравме за наш домаќин на ифтарска вечер на Претседателот, што станува традиција која ја почнавме лани од Гостивар и ќе ја продолжиме и наредните години“, порача Реџепи.Дебарскиот муфтија Ружди Љата потврди дека соживотот и вековната верска толеранција се одлики на Дебар.Заблагодарувајќи се на гостопримството претседателот Иванов рече дека Дебар од секогаш бил пример како луѓето живеат сплотено.„Рамазан е месец посветен на милосрдието, на помош на луѓето на кои треба да им се подаде рака. Еден месец во кој не мислиме само на себе и на нашите потреби, туку сме повикани да мислиме и на другите. Се надевам дека ќе успееме да научиме да мислиме на нашите соседи, роднини и пријатели и во другите месеци“, порача Иванов.Претседателот Иванов претходно го посети седиштето на дебарската парохија во црквата „Света Петка“ каде го пречека намесникот Благоја Спироски, имаше куса средба со градоначалникот Аргетим Фида, а ја посети и новата Сааткула-џамија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.