Македонија
Стапи во сила законот за легализација на дивоградбите

Законот за легализирање на бесправно изградените објекти од денеска стапува на сила, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Законот за легализирање на бесправно изградените објекти од денеска стапува на сила, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Во наредните шест месеци граѓаните ќе можат да поднесат барање за легализација до општината заедно со потребните документи за лична идентификација, доказ за приклучок на комуналната инфраструктура или сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот.
„Согласно донесените законски решенија, важно што треба граѓаните да го знаат е дека постапка за легализација започнува со поднесување на барање за легализација до надлежниот орган од страна на имателот на бесправната градба, во рок од 6 месеци од денот на стапување во сила на законот“, изјави Драган Симоновски, портпарол на Министерството.
Во наредните шест месеци граѓаните ќе можат да поднесат барање, а општините имаат обврска во рок од шест месеци да одговорат на поднесените документи, доколку некој документ недостасува надлежниот орган треба да го информира барателот за дополнително да го достави.
„Органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот во рок од шест месеци од приемот на барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект утврдува дали се исполнети условите за вклопување на бесправниот објект“, рече Симоновски.
Во наредниот период министерот за транспорт и врски ќе ги посети општините кои се најзасегнати со цел да се запознаат со мерките кои ги опфаќа законот. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако неговиот против кандидат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО -ДПМНЕ кажа дека Мециновиќ во првиот круг имал поддршка од ДУИ, а со повикот за поддршка од СДСМ, нивната коалиција станала јавна.
„Денеска мојот противкандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале или ќе ми дојдат гласовите и почнува да зборува за некоја теорија на заговор“, вели Мециновиќ.
„Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“, ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје и ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени и во се поголем број ќе излезат во вториот круг. Овој контингент кој го создадовме само ќе расте“, додава тој.
Македонија
„Подадена рака“: Димитриевски добива поддршка од „Вреди“ за вториот круг од локалните избори во Куманово

Подадена рака. Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски, објави на социјалните мрежи лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
„Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.
Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.
Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани“, пишува Димитриевски.
Македонија
Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
„Дебата во вторник на Канал 5, па да си дочекаме уште повеќе дебати. Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија, релативно млад дуел за Скопје. Затоа, следниот вторник на дебата ќе може да се заклучи кој претставува нова визија, a кој ја влече деструктивната политика на минатото во иднината“, напиша Мециновиќ на Фејсбук.
Претходно, тој го повика Ѓорѓиевски на дуел под отворено небо на Школка во Градскиот парк.