Македонија
Груевски: Македонија има капацитети за отпочнување на преговорите со ЕУ
Приемиерот Никола Груевски во просториите на Владата, го прими во официјална средба со претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Пржемисл Соботка. Средбата минала во пријателска и конструктивна атмосфера, во духот на традиционално добрите билатерални односи меѓу двете држави
Премиерот Никола Груевски на гостинот му искажал благодарност за поддршката која Чешката Република и ја овозможува на Република Македонија за реализација на националниот и државен интерес за членство во Европската Унија и НАТО, за што покрај оваа посета, сведочи и посетата на чешкиот премиер Тополанек на Република Македонија и тоа во периодот на чешкото претседателство со Европската Унија.Дискусија била фокусиранана активностите што македонската влада ги презема во насока на исполнување на националниот приоритет за добивање на датум за отпочнување на преговори за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ, при што од особено значење е фактот дека еден од приоритетите на чешкото претседателство со Унијата е интеграција на земјите од Западниот Балкан.Притоа премиерот Груевски истакнал дека Република Македонија има политички, административен и институционален капацитет за да ги отпочне пристапните преговори и дека Владата посветено работи на исполнување на критериумите и препораките кои се содржани во Извештајот на Европската комисија. Од негова страна било потенцирано дека државата ги има исполнето сите политички и технички услови кои ЕУа ги пропишува за овозможување на визна либерализација за нејзините граѓани.Соботка од своја страна уште еднаш ја повтори поддршката што Чешка и во иднина ќе и’ ја дава на Република Македонија, особено во финалниот процес на визната либерализација и добивањето датум за отпочнување на преговорите за полноправно членство ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал изборно цунами на локалните избори и дека партијата, под водство на Венко Филипче и под, како што велат, менторство на Зоран Заев, е на праг да биде избришана од политичката сцена во државата.
Според соопштението, СДСМ – партијата кога важела за најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е трета партија на државно ниво, а во рамки на градот Скопје – петта.
„Овој историски дебакл има име и презиме – Венко Филипче, кој поразот го претставува како успех, а под диктат на неговиот ментор Зоран Заев, партијата ја дотурка до раб на исчезнување“, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Филипче не се дистанцирал од Заев и неговите политики и дека партијата и натаму функционира под негово диригенство.
Во соопштението се наведува дека СДС на локалните избори освоил 126 илјади гласа и околу 230 советнички места, победувајќи во шест општини, при што ги изгубил повеќето градови каде што традиционално доминирал.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека народот ја казнил безидејноста и аздисаноста и оти во партијата нема реформи, туку се прават обиди за спас на Филипче и прикривање на вистинскиот виновник.
Во заклучок, партијата наведува дека е потребна итна оставка на Венко Филипче и целосна промена во врвот на СДС, бидејќи, како што се додава, на Македонија ѝ е потребна вистинска, консолидирана и силна опозиција со кредибилитет.
Македонија
„Влен“: Ја симнавме маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост
„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост“, велат од „Влен“.
„Сега бараат виновници на сите страни, само не кај себе. А како врв на апсурдот се обидуваат Блерим Беџети да го прикажат како симбол на „промената“. Тоа е вистинското лице на ДУИ, партија која дури и во пораз не е способна да се соочи со реалноста.
Говорат за „анализа“ и „реформа“, но ДУИ не може да се реформира, затоа што никогаш не ја разбра суштината на тој збор. За нив, власта никогаш не била средство за служба на народот, туку кислород за преживување. А сега, кога власта им се излизга од рацете, тонат во паника и самозалажување.
Додека тие тонеат во сопствената криза, ВЛЕН оди напред со довербата на граѓаните, со чисти раце и со политика што му служи на народот, а не на лични интереси“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.

