Македонија
Мал закон со огромна моќ

Ретко кој закон е толку близок до Уставот како Законот за постапување по претставки и поплаки
За службените лица од органите на управата и од судството денеска во Скопје, во организација на Министерството за правда и Државниот управен инспекторат, се одржа еднодневен семинар за имплементација на Законот за постапување по претставки и поплаки, правен акт што извира директно од Уставот.Ретко кој закон е толку блиску до уставните начела и принципи како овој Закон – рече во воведните излагања директорот на државната управна инспекција Димитар Ѓеоргиевски, продолжувајќи: – Правото да побара од органот на државата одговор на некое негово прашање или проблем, граѓанинот го црпи од Уставот, па затоа органот има уставна обврска да одговори на секоја претставка или поплака на граѓаните. Поради ова, овој акт го нарекуваме мал закон со огромна моќ.На денешната обука на вработените од правосудството, обвинтелствата и локалната самоуправа им беа презентирани насоки за практична примена на Правилнокот за постапување по претставки и поплаки на граѓаните, а беа демонстрирани и одредени практични вежби за имплементирање во практика на овие законски и подзаконски акти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.