Македонија
Подобро Закон за мировници отколку Правилник

Самостојниот синдикат на вработените во одбраната јавно го поддржа Законот за правата на учесниците во мировни операции надвор од Македонија и за членовите на нивните семејства, затоа што смета дека во моментов е квалитетно решение
“Законот за учесници во мировни операции прецизира многу претходни нејаснотии со кои се соочуваа припадниците на АРМ при упатувањето, за време на мисиите и по враќањето од мисија. Претходно имавме правилник, а сега имаме закон“, рече претседателот на ССВО, Ристо Ајтов, на денешната прес-конференција. Од Синдикатот најавуваат дека ќе ја следат неговата имплементација и оти доколку се појават одредени потешкотии и недоследности, ќе иницираат негова измена или дополнување.“Вака донесениот закон е подобар од никаков закон, бидејќи претходно немаше никаква регулатива. Откако Македонија почна да учествува во мисиите, правата и обврските на учесниците беа регулирани со правилници. Сметавме дека правилникот не е толку значаен правен акт како законот. Добро е и тоа што има посебен закон, што не е регулирано во Законот за служба во АРМ, бидејќи во мисиите има учесници и од Министерството за внатрешни работи“, рече Ајтов.Според него, ниедно семејство кое изгубило припадник на Армијата во некоја акција не може да биде материјално отштетено и дали надоместокот за нивна смрт или инвалидитет е доволен.“Наш став е дека животите на нашите припадници немаат цена. Ништо не може да го врати неговиот живот. Моето семејство нема да биде заштитено, бидејќи ниту едни материјални добра на овој свет нема да можат да му ја надоместат загубата. Така ниту на една фамилија никакво материјално добро, без разлика колкава е висината, дали се изразува во стан или палата, не може да му ја надомести загубата на негов член“, вели Ајтов.Во врска со барањата за остварувања на правата на бранителите од конфликтот во 2001 година, претседателот на Самостојниот синдикат на вработените во одбраната смета дека тие можат да се реализираат преку сличен закон, но не и ист на оној во Хрватска, бидејќи како што вели, таму имало класична војна, а кај нас внатрешен конфликт. Хрватскиот закон, според него, може да послужи како добра основа за македонскиот.Тој најави дека ќе се организираат и со останатите синдикати кои ги покриваат безбедносните структури и учениците во конфликтот во 2001 и ќе работат на донесување законско решение.“Ќе изградиме наша платформа за тип на закон кој ние би сметале дека може да биде имплементиран во Македонија. Се разбира нема да одиме на мегаломански, туку во согласност со она што може да го даде реално државата, бидејќи не сакаме да доведеме до нус појави кои би ги иритирале другите групации вработени во земјата“, рече Ајтов.За одредбата која овозможува по смртта на учесник во мисија неговото семејство да може да добие стан само ако тој немал имот во своја сопственост, а не и оној кој имал, Ајтов не се смета за правен експерт за да може да одговори, дали е добра или не, но вели дека законодавецот предвидел вид на помош да се ублажи болката на фамилиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.