Македонија
Новинарите прв пат здружени – формираа Синдикат
Новинарите од повеќето медиуми денеска на првото основачко собрание едногласно гласаа „ЗА“, и го формираа првиот самостоен Синдикат на новинари и медиумски работници.
За претседател на Синдикатот едногласно беше избрана Тамара Чаусидис, новинарка во Алсат ТВ и една од иницијаторите на „Новинарското востание“.
„Правото на работа и на достоинствени и добри услови за работа е основно човеково право и факт е дека медиумската сфера и ние новинарите кои сме по функција заштитници на човековите права некако последни за себе мислевме и последни направивме нешто за да се смени во медиумската сфера. Јас сум голем оптимист и ние денеска го направивме првиот голем чекор кон регулирање на работите во медиумската сфера,“ рече Чаусидис.
На основачкото собрание на Синдикатот кој треба да ги обедини сите медиумски работници беа потпишани 60-тина пристапници, но иницијаторите нагласија дека постои голема заинтересираност кај медиумските работници за членство во новиот Синдикат, особено поради тоа што во него ќе може да членуваат фриланс новинарите, пензионираните новинари, новинарите кои имаат несредени работни односи, оние кои работат со договори на дело, без здравствено осигурување итн.
„Мисијата на синдикатот е многу едноставна, таа е да ги застапува економските интереси, да ги подобрува условите за работа на своето членство, да се бори за еднакви услови за вработување и унапредување, за подобрување на стандардите во медиумската сфера и за јакнење на солидарноста на припадниците во таа сфера“, порача Чаусидис./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

