Контакт

Спорт

Фетел победник на ГП на Монако

Објавено пред

Себастијан Фетел со Ред Булк Рено е победник на Големата награда на Монако возена по улиците на Монте Карло.Фетел ги помина предвидените кругоиви за 2:09,38.373 и ја постигна својата прва поеда во Монте Kарло

dobivaj vesti na viber

Себастијан Фетел со Ред Булк Рено е победник на Големата награда на Монако возена по улиците на Монте Карло.Фетел ги помина предвидените кругоиви за 2:09,38.373 и ја постигна својата прва поеда во Монте Kарло, пета по ред оваа сезона и 15-та во кариерата. Втор низ целта мина Фернандо Алонсо со Ферери, а трет Џенсон Батон со Мекларен. Марк Вебер со Ред Бул Рено беше само четврти и не успеа да дојде до победничкиот пиедестал. Селдуваа Кобајаши, Хамилтон, Сутил, Хајдфилд.Ова беше нервозна трка за Луис Хамилтон. Најнапред беше казнет со стаљрт од две позиции поназад наместо од седмата поради неправилно возење во квалификациите, па беше учесник во три удеси на трката, за првиот доби казна минување низ пит стоп, а за последниот кога отпадна Малдонадо, комисијата ќе го разгледува инцидентот по трката.На девет кругови до Крајот Виталиј Петров удри во заштитната ограда и беше пренесен со амбулантно возило заради проверка на евентуални повреди. Крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот

Објавено пред

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.

dobivaj vesti na viber

Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.

Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Алкараз на удар: „Се распаѓа, изгледа како 78-годишен старец“

Објавено пред

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше проблеми со многу повреди во текот на својата кратка кариера.

dobivaj vesti na viber

Последна во низата е повредата на подлактицата која го мачи оваа пролет и поради неа ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим.

На оваа тема се зборуваше и во подкастот „Super Moscato“ на добро познатиот RMC.

Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.

„Да не бидам досаден, добри супи се прават во стари тенџериња, па еве го Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато и додаде:

„Алкараз „се распаѓа“. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако се случи тоа“

Алкарас моментално е трет на АТП листата, а полуфиналето ќе го брани на Ролан Гарос.

Прикажи повеќе...

Спорт

FourFourTwo: Пикси Стојковиќ е најлош од сите селектори на Евро 2024

Објавено пред

Сезоната на клупскиот фудбал полека привршува, а стартот на Европското првенство во Германија е се поблиску. За точно 38 дена во Минхен ќе се одигра првиот натпревар на ЕП меѓу Германија и Шкотска.

dobivaj vesti na viber

Специјализираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ во пресрет на првенството објави список на селекторите на сите репрезентации кои според нивната проценка ги рангираше од најдобар до најлош. На првото место е Дидие Дешамп (Франција), а зад него се Лучијано Спалети (Италија) и Јулијан Нагелсман (Германија). Најлош од сите сите селектори според „FourFourTwo“ е Драган Стојковиќ.

Рангирање на сите екипи на Евро според „FourFourTwo“:

1. Дидие Дешамп (Франција)
2. Лучијано Спалети (Италија)
3. Јулијан Нагелсман (Германија)
4. Герет Саутгејт (Англија)
5. Златко Далиќ (Хрватска)
6. Роберто Мартинез (Португалија)
7. Доменико Тедеско (Белгија)
8. Луис де ла Фуенте (Шпанија)
9. Каспер Хјулманд (Данска)
10. Марко Роси (Унгарија)
11. Стив Кларк (Шкотска)
12. Роналд Куман (Холандија)
13. Силвињо (Албанија)
14. Винченцо Монтела (Турција)
15. Вили Сањол (Грузија)
16. Ралф Рангник (Австрија)
17. Франческо Калцона (Словачка)
18. Едвард Јорданеску (Романија)
19. Сергеј Ребров (Украина)
20. Матјаж Кек (Словенија)
21. Мурат Јакин (Швајцарија)
22. Михал Пробиерц (Полска)
23. Иван Хашек (Чешка)
24. Драган Стојковиќ (Србија)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ59 минути

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија2 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија5 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија8 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ10 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет10 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија10 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија11 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија11 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија22 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...