Свет
Илјадници Иранци на протести против претседателот Ахмадинеџад
Илјадници демонстранти во петок излегоа на улиците на главниот град Техеран извикувајќи пароли против Ахмадинеџад се’ уште давајќи му поддршка на неговиот противкандидат Мирхосеин Мусави
Иранската полиција за спречување на демонстрациите испратила засилени полициски сили, пренесуваат агенциите. Масовните протести се продолжение на демонстрациите кои траеја неколку месеци предизвикани против изборот на актуелниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад кој според обвиненијата со фалсификат го победи својот противник Мурхосеин Мусави. Стотина лица беа уапсени и осудени во изминатите месеци поради учество на масовните демонстрации. Западните агенции нагласуваат дека се’ уште не е позната бројката на загинатите во судирите меѓу демонстрантите и полициските сили како и во уличните тепачки со приврзаниците на Ахмадинеџад. Се’ уште неразјаснетото убиство на студентката на Техеранскиот конзерваториум, Неда, го вџаши светот, а нејзиното име стана синоним на отпорот на иранската прогресивна опозиција.Се очекува Мусави попладнево да им се обрати на своите поддржувачи, а во приквечерните часови е закажано телевизиско обраќање на Ахмадинеџад. Иранските власти им го ограничија известувањето на странските репортери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија сака да ги подготви децата за војна преку училишна програма: „Тоа е разумна подготовка“
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) предложи учениците во училиштата систематски да се учат како да реагираат во кризни ситуации и во случај на војна. Тој планира да го презентира својот план во ноември на конференција на државните министри за внатрешни работи, а тој би вклучувал воведување на специјални двочасовни предавања.
„Важно е младите луѓе да разберат какви закани може да постојат и како да се подготват за нив. Децата се важни пренесувачи на знаење во семејството“, изјави Добриндт за весникот Ханделсблат, објави DW.
Остри реакции во Бундестагот
Предлогот предизвика жестоки реакции во германскиот парламент. Опозициската левица верува дека ова „шири страв кај децата и младите“, додека десничарската радикална Алтернатива за Германија (AfD) го обвини министерот за „подбуцнување војна“. Пратеникот на AfD, Готфрид Курио, тврди дека Добриндт сака „да ја направи војната неизбежен дел од секојдневниот живот“.
Од друга страна, Зелените веруваат дека идејата има смисла, но дека не е доволна. Нивниот претставник, Леон Екерт, предлага постојниот „Ден на предупредување“ да се прошири во национален ден за вежбање со цел практично да се подготват граѓаните за кризни ситуации.
Ова не е прв пат слична идеја да се дискутира во Германија. Уште за време на мандатот на претходната влада, тогашната министерка за образование Бетина Старк-Вацингер (ФДП) презентираше сличен предлог, осврнувајќи се на практиката во Велика Британија, каде што вежбите за вонредни ситуации се дел од училишната програма.
Добриндт, исто така, најави нов „пакт за заштита на населението“, кој би вклучувал подобрување на системот за предупредување, означување на заштитни зони и обезбедување основни потреби во вонредни околности.
„Нема ништо лошо во тоа секој да има основна залиха од храна, батерии и радио дома. Тоа не е паника, тоа е разумна подготовка“, рече Добриндт. Тој додаде дека интересот на граѓаните за прирачниците за цивилна заштита е голем, што покажува дека луѓето „сакаат да бидат подготвени“ во случај на криза.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина и нејзините сојузници ќе работат на план за прекин на огнот во наредните денови
Украина и нејзините сојузници се согласија да работат на план за прекин на огнот во следните десет дена, изјави претседателот Володимир Зеленски за „Аксиос“ по предлогот на американскиот претседател да се запре војната на сегашните граници.
„Неколку брзи точки како план за прекин на огнот. Одлучивме дека ќе работиме на тоа во следната недела или десет дена“, изјави украинскиот лидер за „Аксиос“ во интервју објавено во понеделникот.
Зеленски додаде дека Украина, за да изврши притисок врз Русија за разговори, бара од американската администрација не само ракети „томахавк“ туку и слични работи што не бараат долгорочна обука, пренесува „Ројтерс“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп подложен на преглед со магнетна резонанција: „Беше совршено“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанција, без да каже зошто.
„Беше совршено“, им рече тој на новинарите во авионот „ер форс уан“ на пат кон Токио.
Магнетната резонанција користи магнети и радиобранови за да создаде детаљни слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење голем број состојби.
Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската процена, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Во јули Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел на нозете и модринки на десната рака откога фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.
Фото: принтскрин

