Контакт

Свет

Од цвеќар до „Господарот на војната“

Објавено пред

Апелацискиот суд на Тајланд во четвртокот донесе одлука на САД да им биде испорачан Виктор Бут, човекот кој се смета за најголемиот криумчар на оружје во светот, вмешан последните две децении во четири војни на четири континенти, кој беше успен во Бангкок уште во 2008 г.

dobivaj vesti na viber

САД преку своите агенти од Агенцијата за борба против наркотиците (DEA) учествуваа во апсењето на Виктор Антолјович Бут, кој е обвинет дека почнувајќи од војната во Босна и Херцеговина па до граѓанските војни во Африка се јавува како најголемиот добавувач на илегално оружје. Тој е уапсен во 2008 г. кога американските агенти се преправале дека се претставници на колумбиската герилска марксистичка војска FARC и дека од него сакаат да купат оружје. По неколкумесечна операција го намамиле во хотелска соба во Бангкок каде се согласил да им продаде оружје за сума од неколку милиони доалри, по што е уапсен. Веднаш, во август истата година САД побараа негова екстрадиција, но Тајландскиот суд тогаш го одби барањето на Вашингтон, но сега по две години тамошниот апелациски суд тоа го одобри.Неговата сопруга Ала Бут, за американските медиуми изјавила дека ваквата одлука е неправедна.„Сите знаат дека станува збор за политички монтиран случај“, изјавила госпоѓа Бут.  Човекот за кого Американците велат дека е вистински „Господар на војната“ или ппознат и како како „Трговецот со смртта“, е Русин, роден 1967 г. во тогашната советска република Таџикистан. Почнува да работи како преведеувач, бидејќи течно зборува шест јазици. По распаѓањето на Советскиот сојуз го користи хаосот кој владее во поранешната воена суперсила и по многу ниски цени набавува практично нови авиони со кои ја формира компанијата за транспорт. Според руските медиуми, првиот бизнис со кој Виктор Бут почнал да се занимава било распространувањето на цвеќе. Наводно исклучиво се занимавал со препродажба на гладиоли кои ги набавувал од Јужноафриканската Република, а потоа ги препордавал во Саудиска Арабија.  Неговите почетоци во криумчарењето оружје потекнуваат од соработката со рускиот дилер на оружје Александар Исламов, а подоцна евтиното оружје го набавувал во Украина, Молдавија и во Бугарија, но истоврмено активно занимавајќи се и со своите легални бизниси.Според американските медиуми кои деновиве се повикуваат на извештаи од тајните служби и документи од обвиението против Бут, неговиот прв посериозен бизнис со шверцот на оружје било снабдувањето на муслиманските единцици во војната во Босна. Во почетокот на 1990-те оружјето го доставувал преку Словенија и Хрватска, а се сокривал зад суданската хуманитарна органзиација „Third World Releif Agency“. Тој во Босна во контејнери со наводно хуманитарна помош превезувал оружје кое го платиле богатите исламски земји. Подоцна, при крајот на 1990-те, почнал да криумчари и за судирите во Јужа Америка, Африка и на Блискиот исток. Имал деловна соработка и со либерискиот диктатор Черлс Тејлор кому сега му се суди за геноцид и воени злосторства пред Хашкиот трибунал, а работел и со либијскиот претседател Муамер ел Гадафи. Со оружје ги снабдувал и двете завојувани страни во Ангола, а истото го правел и во грашанскат авојна во Авганистан кога прво и продавал оружје на владата на претседателот Бурханудин Рабани а потоа и на талибаните.Дури тогаш САД ќе се заинтересираат за него, бидејќи неговото оружје доаѓа и до Ал Каеда. Меѓутоа, иако неговот име уште од почетокот на 2000-та е на „црната листа“, неговите авиони во 2004 г. во Ирак биле изнајмени од компаниите Fedex и од KBR, која е филијала на озлогласената копманија Hulliburton кои имаат договори со владата на САД вредни повеќе стотини милиони долари. Се верува дека холивудскиот хит трилер „Господарот на војната“ е снимен според податоците што американските служби ги собрале за Виктор Бут.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шефот на ОН ги критикува светските лидери: Милијарди се трошат за заведување на јавноста за климата

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше светските лидери за нивниот неуспех да го ограничат затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови.

dobivaj vesti na viber

Научниците потврдија дека светот ќе ја надмине границата од 1,5 степени Целзиусови околу 2030 година, што би можело да доведе до неповратни последици.

„Премногу корпорации остваруваат рекордни профити од климатското уништување, додека милијарди се трошат за лобирање, заведување на јавноста и попречување на напредокот“, рече Гутереш во својот говор.

„Премногу лидери остануваат заробеници на овие лични интереси.“

Земјите низ целиот свет трошат околу 1 трилион долари секоја година за фосилни горива. Лидерите имаат два јасни избори, рече Гутереш: „Можеме да избереме да водиме или да бидеме водени во пропаст.“

Конференцијата COP30 одбележува три децении разговори за глобалната клима. Во тој период, земјите делумно ги намалија проектираните зголемувања на емисиите, но не доволно за да го спречат она што научниците го нарекуваат екстремно глобално затоплување во следните неколку децении.

Светската метеоролошка организација (WMO) во извештајот наведува дека оваа година веројатно ќе биде втора или трета најтопла година досега, со просечни температури во август, по рекордните топлотни бранови во 2023 и 2024 година, 1,42 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Прикажи повеќе...

Свет

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Објавено пред

Од

Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година.

Курашов, кој беше заробен од украинските сили заедно со други руски војници кратко по инцидентот, се изјасни за виновен на суд, иако подоцна им рече на новинарите дека е невин и сака да биде вклучен во размена на заробеници.

Неговата казна има симболично значење за Украина, која вели дека руските сили егзекутирале голем број украински воени заробеници, но осомничените обично се надвор од дофатот на украинската правда. Русија негира дека нејзините војници вршат воени злосторства.

Нападот во кој е убиен Ходниук се случил на 6 јануари 2024 година. Според обвинителите и сведоците, Ходниук се предал невооружен, клекнал, а Курашов го застрелал со митралез. Курашов тврди дека истрелите биле испукани од воен лекар по име „Седој“, кој подоцна починал. Рускиот напад бил краток.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Ненси Пелоси објави дека ќе се пензионира

Објавено пред

Од

Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2026 година, што го сигнализира крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата.

dobivaj vesti na viber

„Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна година од службата“, рече Пелоси во видео порака објавена на X.

Претседателката на Претставничкиот дом Пелоси отслужи два мандата, од 2007 до 2011 година и од 2019 до 2023 година.

85-годишната Пелоси, која првпат беше избрана во Конгресот во 1987 година, во интервју за Ројтерс во 2022 година изјави дека жали што не победила на повеќе избори во својата долга кариера за да им ја одземе моќта на републиканците и да се осигура дека „суштество како Доналд Трамп никогаш нема да стане претседател на Соединетите Американски Држави“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија3 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија5 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ7 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија7 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија7 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија7 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија10 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион10 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија11 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа12 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет12 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа13 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет13 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет13 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа13 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет13 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија1 ден

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...