Свет
Британија ги протера либиските дипломати
Велика Британија протера петмина либиски дипломати во знак на протест против чекорите на либиската влада и поради тоа што претставувале закана по националната безбедност, објави денеска британскиот министер за надворешни работи, Вилјам Хејг.
Велика Британија протера петмина либиски дипломати во знак на протест против чекорите на либиската влада и поради тоа што претставувале закана по националната безбедност, објави денеска британскиот министер за надворешни работи, Вилјам Хејг.„За да ја искажеме нашата длабока загриженост од однесувањето на либискиот режим, денеска презедовме чекори за протерување на петмина дипломати од либиската амбасада во Лондон, вклучително и военото аташе“, изјавил Хејг во парламентот.„Владата исто така оцени дека, ако тие останат во земјата, би можеле да бидат закана по нашата безбедност“, додал тој.Велика Британија веќе подолго време смета дека Либија и е непријателска држава. Кон тоа придонело и пукањето кон лондонска полицајка од либиската амбасада во 1984 година./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

