Македонија
Франција не сакала да ја притиска Грција за спорот со името
Франција не сакала да ја притиска Грција за спорот со името пред одржувањето на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година, покажува доверлив документ од американската амбасада во Париз објавен на Викиликс (Wikileaks)
Документот говори за средба меѓу Џозеф Вуд, заменик-помошник на потпретседателот за Национална безбедност, Филипе Ерера, советник на шефот на француската дипломатија и Франсоа Ришер, советник на францускиот претседател одржаната на 16-ти јануари 2008 година во Париз, неколку месеци пред самитот во Букурешт.На неа, меѓу другото, Вуд разговарал со Ерера и Ришер за Македонија, Хрватска и Албанија, земји што во тој момент беа кандидати за членство во алијансата.Ерера, според документот, порачал дека Франција немала намера да ја притиска Грција во однос на спорот со името и побарал од САД сериозно да ја сфатат Грција во однос на овој спор.„Ерера рече дека Владата на Македонија ја потценува сериозноста на прашањето за името за Грција и дека САД не би требало да ја прави истата грешка. Франција нема да ја притиска Грција за ова прашање. Понатаму, ако Атина попушти во прашањето за името би можела грчката влада да падне, а тоа би довело до нова влада која би била одговорна за – и очекувано негативно настроена кон – процесот за ратификација на проширувањето на НАТО“, се вели во доверливиот документ.Ова е втор документ објавен од страна на Викиликс во врска со спорот со името. Вчера беше објавен документ според кој на средба меѓу американски и француски дипломати било заклучено дека „доколку меѓународната заедница може да ја убеди Македонија да ја напушти идејата за референдум и да ја убеди Грција да ја напушти намерата да се менуваат пасошите, тогаш може да се случи прогрес во преговорите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Три нови битолски училишта ќе добијат фотоволтаици до крајот на учебната година
Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.
Во текот на овие денови се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.
По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.
Со воведувањето на фотоволтаиците се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.
Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во Општина Битола се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 година беа поставени уште девет — три на средни и шест на основни училишта.
Македонија
Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата
В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.
Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата.
„Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, рече адвокатот.
Според него, постојат докази дека Рустеми презел активности за обезбедување механизација и ресурси, но дека неговите барања не биле одобрени од управниот одбор на претпријатието.
Рустеми и Аки Саити, управител за отпад во претпријатието, добија мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, како и опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Македонија
Државната лотарија предупредува: нелегални платформи ги злоупотребуваат името и логото
Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија
Државна лотарија ги повикува сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби, односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени.
Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.
Секоја појава на трета страна, како што се додава, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.

