Македонија
Клаус: Преговарајте, не чекајте спасение одозгора
Чешкиот претседател Вацлав Клаус спорот со името во време на поголеми проблеми во светот го нарече недостоен, но порача Македонија и Грција да преговараат и да не очекуваат решение однадвор.
Чешкиот претседател Вацлав Клаус спорот со името во време на поголеми проблеми во светот го нарече недостоен, но порача Македонија и Грција да преговараат и да не очекуваат решение однадвор. По денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, Клаус порача дека двете земји мора да дојдат со решение што нема да биде наметнато, туку ќе биде прифатено и од Скопје и од Атина. „Се согласувам со ставот на претседателот Иванов дека не е возможно да се добие некакво решение однадвор со кое не би се согласиле граѓаните на државите. Тоа е нешто основно и не е можно да се постапува на друг начин. Јас велам да се преговара, но да се чека на спасение одозгора, тоа е невозможно“, рече претседателот Клаус. Претседателот Иванов пред високиот гостин изрази подготвеност за компромис, што нема да го загрозува националниот, јазичниот и културниот идентитет на македонскиот народ. Смета дека, засега, не е потребно свикување на лидерска средба во однос на ова прашање. „Процесот се води во Обединетите Нации. Очекуваме предлог од Нимиц. Кога ќе дојде таков предлог, тогаш не очекува она што треба да го постигнеме – да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став. Се додека не добиеме ние она од што е официјалната постапка во Обединети Нации, нема за што да разговараме“, рече претседателот Иванов. Нарекувајќи го својот чешки колега „вистински реформатор, признат демократ и голем пријател на Македонија“, претседателот Иванов дека покрај добрите политички односи, и економската соработка оди во нагорна линија. Претседателот Клаус денеска се среќава и со премиерот Никола Груевски, како и со претставници на македонското Собрание. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

