Свет
„Бритиш петрол“ го вади неуспешното ѕвоно од Мексиканскиот залив
Екипите на „Бритиш петрол“ полека почнаа да го дигаат кон површината бетонското ѕвоно кое не успеа да го сопре истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив, јавува Асошиејтед прес.
Екипите на „Бритиш петрол“ полека почнаа да го дигаат кон површината бетонското ѕвоно кое не успеа да го сопре истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив, јавува Асошиејтед прес. Кога ѕвоното ќе стигне до површината по изминати 1,5 километри, државните истражители на САД ќе го запленат и ќе започнат серија испитувања преку кои се надеваат да дојдат до одговор на прашањето зошто направата не успеа да го сопре истекувањето.Портпаролот на „БП“ за Асошиејтед прес изјави дека ѕвоното било успешно откачено од изворот во петокот доцна попладне, но не прецизирал кога ќе стигне до површината. На местото на ова ѕвоно веднаш е поставено друго. Подигнувањето на ѕвоното следеше веднаш откако беше отстранет привремениот капак кој спречи нафтата уште повеќе да истече во заливот кон средината на јули. Владата на САД го отстрани неуспешното ѕвоно и како мерка на претпазливост поради големиот притисок кој се очекува кога ќе заврши копањето на испустниот бунар и тој ќе се спои со спорниот од кој истекува нафтата. Штом тоа биде постигнато, „БП“ планира да го затне несреќниот бунар за секогаш со мешавина од кал и цемент. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Хомосексуалноста не е злосторство, тоа е човечки факт“, вели папата Франциско во својата нова книга
Папата Франциско, кој минатиот месец наполни 88 години и побара од помошникот да прочита голем говор минатата недела поради настинка, во новата книга вели дека се чувствува здрав и дека не планира да се повлече од позицијата поглавар на светската Католичка црква.
„Добро сум“, пишува Папата во автобиографијата што во вторникот излезе во продажба во повеќе од 100 земји. „Реалноста е, едноставно, дека сум стар“, додава тој.
Папата, кој сега често користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот, вели: „Со црквата управуваат главата и срцето, а не стапалата“. Франциско, по потекло од Аргентина и првиот папа од Латинска Америка, ја предводеше црквата од 1,4 милијарди членови од 2013 година. Во последните две години неколку пати има грип. Тој, исто така, имаше операција во 2021 година за да се справи со болната состојба наречена дивертикулитис и повторно во 2023 година за хернија.
„Секогаш кога папата ќе се разболи, секогаш изгледа како да дува ветрови на конклава“, вели Франциско во книгата, мислејќи на тајната средба на католичките кардинали кои еден ден ќе го изберат следниот понтиф. „Реалноста е дека ниту на денот на операцијата не размислував да дадам оставка“, вели тој.
Новата книга, насловена „Надеж“, е втора од двете книги на папата за две години, по мемоарите објавени во март 2024 година. Мондадори, италијанскиот издавач на книгата, рече дека Франциско првично планирал новиот том да биде објавен по неговата смрт. Но, папата одлучи наместо тоа да го објави за време на католичката Света година, која исто така се фокусира на темата на надежта.
Во книгата од 303 страници, Папата се осврнува на неговиот живот растејќи во Буенос Аирес, на неговата епископска кариера во Аргентина и на некои од одлуките што ги донел како поглавар на светската Католичка црква.
Франциско силно ја брани одлуката од 2024 година со која им се дозволува на свештениците да им даваат благослов на истополовите парови од случај до случај. Оваа одлука предизвика широка дебата во Црквата, а епископите во некои земји, особено во Африка, одбија да им дозволат на нивните свештеници да ја спроведат.
„Благословени се луѓето, а не врските“, вели тој. „Секој во Црквата е повикан (на благослов), вклучувајќи ги и разведените, вклучително и луѓето кои се хомосексуалци, вклучително и луѓето кои се трансродови“, истакнува Папата. „Хомосексуалноста не е злосторство, тоа е човечки факт“, вели папата Франциско во книгата.
Европа
Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи
Иако слаткото познато како Дубаи чоколадо стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн пресуди дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи.
Рачно изработените чоколадни производи „Алјан Дубаи“, кои се продаваат во дисконтниот ланец „Алди Суд“, станаа вистински хит откако се појавија во продажба во декември.
Десертот кој во светот стана познат како чоколадо од Дубаи благодарение на „Тикток“ е комбинација од кремасти ф’стаци, крцкав кадаиф и чоколадо.
Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против ланецот супермаркети „Алди Суд“ да го продава производот, тврдејќи дека името е погрешно бидејќи производите всушност биле произведени во Турција, а „Алди“ мора да престане да продава „Дубаи чоколадо“.
Производот може да биде означен како Дубаи чоколадо во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со него.
Тужбата пред судот ја поднесе увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот „Фекс“ од Дубаи во Германија.
Во декември, Вилмерс ги пријави „Лидл“ и производителот на чоколади „Линдт“ поради истата причина. Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и „Алди Суд“ има право на жалба.
Свет
Шолц: Инцидентите во Балтичкото Море се дел од хибридна стратегија што им се заканува на европските земји
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека низата инциденти во Балтичкото Море мора да се сфатат како дел од хибридната стратегија што им се заканува на европските земји.
Говорејќи пред состанокот на лидерите на НАТО во Хелсинки, германскиот канцелар ги повика балтичките земји да дејствуваат на координиран и брз начин во регионот на Балтичкото Море, објави Ројтерс.
Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс пред состанокот на НАТО денеска во Хелсинки изјави дека европските држави мора да бидат подготвени да се справат со новите инциденти во Балтичкото Море по неодамнешните оштетувања на подводната инфраструктура.
„На самитот на НАТО сојузниците од Балтичкото Море денеска ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО Марк Руте, данската премиерка Мете Фредериксен, германскиот канцелар Олаф Шолц, летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс, литванскиот претседател Гитанас Науседа, полскиот премиер Доналд Туск, шведскиот премиер Улф Кристерсон и Извршниот потпретседател на Европската комисија Хена Виркунен“, изјави тој на веб-страницата на НАТО.