Свет
Ватикан лобирал против Турција во ЕУ и Чавез
Поглаварот на римокатоличката црква Папата Бенедикт XI од почетокот на своето управување со светата столица се залагал Турција да не стане членка на Европската унија, туку да добие специјален статус во Унијата
Дипломатијата на Ватикан лобирала и против Уго Чавез, социјалистичкиот претседател на Венецуела, се наведува во депешите до кои дојде Викиликс. Британскиот весник „Гардијан“ ги објави документите на Викиликс во кои стои дека кардиналот Рацингер, пред да стане Папа, уште во 2004 година, јавно тврдел дека е против на муслиманската Турција да и биде дозволен влез во ЕУ. Во тоа време Ватикан бил неутрален по ова прашање. Од американската дипломатска пошта се гледа дека во 2006 година САД го поддржувале влезот на Турција во ЕУ. Ватикан на Американците им ја соопштил и својата загриженост околу влијанието кое го има Уго Чавес, претседателот на Венецуела. Ватикан се плашел дека Чавез може да го поткопа влијанието кое Светата столица во Латинска Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Турист во Италија уништил фрески стари речиси 2000 години
Холандски турист уништил ѕид со фрески во античка римска куќа во Херкуланеум, во близина на Неапол, оштетувајќи ја зградата што ја преживеала вулканската ерупција на Везув во 79 година од нашата ера, соопшти денеска италијанската полиција.
Во соопштението на полицијата се вели дека 27-годишниот турист бил брзо идентификуван откако вработените во археолошкиот локалитет откриле графити исцртани со црн, неизбришлив фломастер на бел дел од насликан ѕид.
Полицијата соопшти дека тоа е потпис на маж кој сега се соочува со обвинение за оштетување на уметничкото дело.
Помалиот град од неговиот попознат сосед Помпеја, Херкуланеум бил покриен со подлабок слој пепел, кој ги заштитил неговите урнатини од крадци и оставил особено добро сочувани остатоци.
Како одговор на зголемениот вандализам, Италија оваа година воведе построги казни за оние кои ги оштетуваат спомениците и културните места, одредувајќи казни до 40.000 евра.
Свет
Кристоферсен: НАТО има две до три години да се подготви за одбрана од Русија
Началникот на Генералштабот на норвешката армија, генерал Еирик Кристоферсен денеска изјави дека НАТО има две до три години да се подготви за одбрана пред Русија повторно да биде во можност да изврши конвенционален напад.
„Во еден момент некој рече дека ќе ни требаат 10 години, но мислам дека се работи за помалку од 10 години поради индустриската база што сега постои во Русија“, рече генералот Кристоферсен, пренесе Блумберг.
Тој посочи дека ќе биде потребно „некое време“ за спроведување на овој план, кој им дава простор на сојузниците на НАТО да ги обноват своите сили и резерви во следните две до три години, истовремено поддржувајќи ја Украина.
„Норвешка, членка на НАТО од 1949 година, не забележа значителна промена во однесувањето на Русија на својата граница во последната година, вклучувајќи ги нуклеарните сили и нејзината северна флота, но руските копнени сили на полуостровот Кола беа десеткувани по големите загуби во Украина“, рече тој.
Норвешкиот парламент допрва треба да одобри план со кој речиси ќе се удвои распределбата за одбранбениот систем во следните 12 години со цел да се прилагоди на заканите, со фокус на поморската и воздушната одбрана, пренесува Танјуг.
Свет
Уапсени 18 лица во Полска: планирале непријателски активности во име на Русија, вклучувајќи и убиство на Зеленски
Полските власти уапсија 18 лица под сомнение дека планирале непријателски активности и саботажи во име на Русија и Белорусија, вклучувајќи го и убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Томаш Сјемоњак.
Полските власти поврзаа некои неодамнешни подметнати пожари или обиди за подметнување пожари со агенти спонзорирани од Русија. Меѓу уапсените во последните месеци има државјани на Полска, Белорусија и Украина, се наведува во соопштението на Агенцијата за внатрешна безбедност.
Семењак рече дека актите на саботажа се јасно дел од поширок план кој вклучува сајбер напади, притискање на мигрантите да преминат од Белорусија во Полска и загрозување на нејзината безбедност, бидејќи ја поддржува Украина во нејзината одбрана од инвазијата на Русија.
Полјак беше уапсен во април под обвинение дека е подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да учествува во наводен заговор за убиство на Зеленски, соопштија полските обвинители.
Тој, наводно, побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за стратешкиот аеродром во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина.