Македонија
Промовиран проектот „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам?“

Денес на меѓународниот ден без автомобили 22 септември во Советот на град Скопје беше промовиран заедничкиот проект на здружението на граѓани „Коалиција за одржлив развој- КОР“,Градот Скопје и општината Карпош, „Со Велосипед е во ред! А Каде да паркирам“.
Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Карпош, Стефче Јакимовски и Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџат Јакупи, денес во советот на град Скопје го претставија новиот проект „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам“. Со проектот се промовираше велосипедот како рамноправно превозно средство во урбаните средини. На 7 локации низ Скопје ( ТЦ Буњаковец, ТЦ Карпош 3, зелениот пазар Буњаковец, луна паркот, супермаркетот Тинекс во Карпош 3 и Библиотеката Браќа Миладиновци) се поставија 60 држачи за 12 велосипеди. Градочалницте, министерот и останатите функционери со велосипеди од Советот на град Скопје се упатија кон ТЦ Буњаковец каде се наоѓаат и држачите за велосипеди а турата заврши пред ТЦ Карпош 3.„Градот Скопје преку своите програми континуирано работи за подобрување на условите за користење на условите за користење на велосипедот како превозно средство. Исто така ќе поставиме држачи за велосипеди на велосипедските патеки а ќе се потрудиме да поставиме држачи и пред институциите.“ изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. „Верувам дека овој проект ќе го развиваме а дека од следната година граѓаните ќе можат да изнајмуваат велосипеди преку кредитни картички“ додаде градоначалникот на Општина Карпош, Стефче Јакимовски.Проектот е поддржан од мрежната канцеларија на на Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа во Македонија преку програма СЕКТОР, финансирана од шведската меѓународна агенција за развој СИДА а поддршка е добиена и од Агенцијата за млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.