Свет
НАТО треба да има стратешко партнерство со Русија, смета Расмунсен
НАТО ќе го продолжи патот кон стратешкото партнерство со Русија, но Москва мора да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на своите соседи, изјави новиот генерален секретар на НАТО
„Моја цел е да развијам вистинско стратешко партнерство со Русија, иако сум свесен дека може да има многу различни ставови за бројни прашања, изјавил Андрес Фог Расмусен.Поранешниот дански премиер, кој пред два дена стапи на должноста Генерален секретар прв човек на НАТО, оценува дека северноатлантската воена алијанса има исти цели како и Русија, борба против глобалниот тероризам, разоружување и неширење нуклеарно оружје, како и прашањето за Авганистан. Расмусен во понеделник го има својот прв работен ден како Генерален секретар на Алијансата и се очекува во текот на денот да ја одржи првата прес-конференција на која ќе ги соопшти неговите приоритети и луѓето што ќе работат во неговиот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Нема безбедна зона за цивилите во Газа
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека „нема безбедна зона во Газа“ за палестинските цивили, наведувајќи дека во Газа има 600.000 деца.
За време на состанокот на министрите на ЕУ одговорни за развој, Борел рече дека Израел започна копнена офанзива на Рафах на југот на Газа, без оглед на барањата на ЕУ и САД да не го сторат тоа, пренесува „Ал Џезира“.
„И покрај овие предупредувања и барања, нападот беше извршен синоќа. Се плашам дека тоа повторно ќе предизвика многу цивилни жртви“, додаде Борел.
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека презела оперативна контрола над палестинската страна на јужниот премин Рафа во Газа, кој граничи со Египет, пренесува Танјуг.
Свет
Швајцарски весник: Џjинпинг вешто ја планираше својата посета за да го продлабочи јазот во Европа
Планот на посетата на Европа на кинескиот претседател Шји Џјинпинг на прв поглед можеби е изненадувачки, но фактот што тој за посета покрај Франција ги избра Србија и Унгарија, покажува дека рутата била многу вешто избрана од кинеска перспектива, пишува швајцарскиот дневен весник „Tages-ancajger“.
„Режимот во Пекинг знае каде се линиите на раздор во Европа и го користи патувањето за уште повеќе да го продлабочи тој јаз“, пишува весникот, истакнувајќи дека Шји не дошол во Европа со пријателски намери.
Весникот наведува дека Шји ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кои се „претставници на прорускиот табор на Путин во Европа“.
Посетата на Белград, потсетува весникот, се совпаѓа со 25-годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада во главниот град на Србија за време на воздушните напади на НАТО, за што западната алијанса секогаш тврдеше дека е грешка.
„Сепак, Џјинпинг вешто ќе го искористи настапот на таа 25-годишнина за да го нагласи наративот за агресивен западен сојуз“, пишува Тагес-анцајгер.
Тој ќе биде пречекан во Будимпешта на 8 мај, на 20-годишнината од влезот на Унгарија во Европската унија. „Во меѓувреме таа земја се претвори во центар на руските и кинеските интереси“, пишува весникот.
Тој ќе најави изградба на голема кинеска фабрика за автомобили во Печ, „точно на време за да се заобиколат казнените тарифи на Европската комисија поради поплавата на електрични автомобили од Кина“.
Весникот забележува дека францускиот претседател Емануел Макрон неодамна го „задоволил кинескиот моќник“ во Пекинг со изјавата дека Тајван е внатрешно кинеско прашање и дека Европа не смее да дозволи САД да го вовлечат во конфликтот, а исто така и со своите барања за поголема стратешка автономија за Европа.
„Се што ја ослабува трансатлантската врска меѓу Американците и Европејците е во интерес на Кина“, пишува швајцарскиот дневен весник.
Гостин од Кина не доаѓа во Европа со пријателски намери“, заклучува весникот.
Свет
Американец заработил 100.000 долари и добил данок од 34,6 милијарди долари
Многумина би сакале едно утро да се разбудат како милијардери, но еден Американец кој ја имал таа можност, доживеал шок. Бери Тангерт од Ланкастер бил шокиран откако даночниците пресметале дека треба да им плати 34 милијарди долари.
Овој Американец, кој вообичаено тврдел дека заработува 100.000 долари годишно, целосно се изненадил кога ја видел огромната бројка на својата сметка.
Одделот за приходи на Пенсилванија му испратил сметка, во која пишувало дека и должи на државата 34.576.826.561,47 долари.
Тангерт за американските медиуми изјави дека знаел дека тоа е очигледна грешка, бидејќи не заработува повеќе од 100.000 долари годишно, па нема шанси да должи ни приближно до таа сума.
„Не знам дали се работи за компјутерска грешка во преносот или дали е грешка при внесување на моите податоци“, додаде Бери Тангерт.
Тангерт рече дека се обратил до Одделот за приходи и службеникот рече: „Имавте добра година“, на што рече дека посакувал да има.
Бери Тангерт се уште не добил официјално објаснување од властите, како дошло до грешка што го „задолжила“ за милијарди долари.
Управата за приходи за американските медиуми изјавила дека тоа што се случило е „изолиран инцидент, бидејќи во системот биле внесени погрешни бројки“, пренесува Спутник.