Македонија
Запленетата гардероба на мадам Пепи вреди 200.000 евра
Брендираната гардероба, што беше пронајдена и запленета при претресот на два објекти на Персида Момировска, има продажна вредност од приближно 12 милиони денари (200.000 евра, објави македонската полиција, потсетувајќи дека Персида беше уапсена поради пратка со кокаин.
Брендираната гардероба, што беше пронајдена и запленета при претресот на два објекти на Персида Момировска, има продажна вредност од приближно 12 милиони денари (200.000 евра)
Ова во неделата го објави македонската полиција, потсетувајќи дека Персида беше уапсена поради пратка со кокаин.
Во врска со претресите и откриената и одземена брендирана стока, против М.П.(39) поднесена е уште една кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека во повеќе наврати наназад, сторила кривично дело „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, се вели во соопштението.
Според полицијата, пријавената во подолг период наназад континуирано набавувала, држела и продавала криумчарена трговска стока – гардероба (текстилна, кожена, крзнена, обувки, женски чанти, очила за сонце и др.) која е од странско производство и не се произведува во нашата земја.без соодветна документација за потеклото и документација со која стоката е внесена во Македонија.
Персида, која во јавноста е попозната како мадам Пепи, продажбата и наплатата на неевидентираната трговска стока, ја вршела во готово, без финансиска евиденција и без издавање фискална сметка.
Според нејзина, стоката претежно ја набавувала од Италија и ја пренесувала со патнички автобуси, авионски, како и лично, со приватно моторно возило, притоа избегнувајќи го плаќањето на царината и други со закон предвидени давачки.
МВР во соработка со Истражниот судија продолжува да работи на утврдување на начинот како ја внесувала стоката и дали при извршувањето на кривичното дело биле инволвирани и други лица.
Во наредниот период треба да биде извршен увид во стоката и од овластени лица кои треба да потврдат дали се работи за оригинали или фалсификати на познатите брендови.
При претресот во изнајмен стан на ул. „Лондонска“, кој всушност претставувал нерегистриран малопродажен објект, била пронајдена поголема количина од наведената трговска стока, од странско потекло и познати светски брендови (CALVIN CLEIN, VALENTINO, GALIANO, HUGO BOSS, DISEL, ARMANI, CUSTO, ROBERTO CAVALI, VERSACE, DOLCE / CABANA, PALL ZILERI, LA PERLLA, BURBERY),
Во претресот на ул.„Франц Прешерн„ во семејната куќа на осомничената, пронајдени се шест куфери и една патна торба со текстилна стока Outlet.
Одредени медиумите во изминатите денови шпекулираа дека кај мадам пепи се облекувала многу познати лица од естрадата/крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“.
Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила.
Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира.
„Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.
Македонија
Почнува откупот на тутунот
Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година.
Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22 000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава.
„Од понеделник почнуваат да се верификуваат мосттрите тутун во Институтот за тутун во Прилеп. Тоа ќе трае до петок, 14 ноември. Од понеделник, 17 ноември, откупните компании ќе може да ги подигнат и на 18 ноември може да ги отворат пунктовите. Ние како Сојуз сме подготвени да почне откупот на тутунот. Имаме капацитет, односно повереници, за да ги покриеме сите ваги, а годинава во земјава се 337 откупни ваги што е најмногу досега, така што се очекува тутунот да се купи што побрзо и со добар квалитет“, изјави Ристески.
Сојузот сѐ уште преговара за повисоки цени, но Ристески смета дека тутунот ќе биде подобро платен од лани.
„Со компаниите преговараме, но може да тврдам дека поради високиот квалитет на тутунот ќе биде подобро платен од ланската реколта“, смета Ристески.
Поради сушата родот е намален. Откупувачите очекуваа 26 000 тони, но реколтата може да тежи најмногу до 22 000 тони, сметаат од Сојузот.
Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од долненското село Житоше со нетрпение чека да почне откупот на тутунот. Има околу 3,5 тони квалитетен род кој, се надева, ќе постигне повисока цена, иако сушата ги намали приносите.
„Иако ги зголемивме површините годинава, сушата во летото го зеде данокот. Малку се подобри ситуацијата, за 10-ина проценти, со дождовите во септември и родот ми е околу 3,5 тони. Очекувам да постигнам повисока цена од ланската“, рече Ибраими.
Со неодамнешните измени во Законот за тутун, се забранува увоз на тутун во текот на откупната кампања, од 15 ноември до 28 февруари.
Македонија
Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома
Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот.
„Последното затворање на вратата
Тоа беше обично затворање на врата…
Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.
Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,
а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот,
заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.
Наместо да ја чекам со внуци во прегратка,
јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.
Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка,
наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.
Помина време, но не и мојата болка.
Надица, ти остана вечна во моето срце,
во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина.
И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.
Потресната порака на таткото ја проследи со видеоснимка направена неколку часа пред трагедијата, на која неговата ќерка се гледа како заминува од домот со насмевка.

