Спорт
Македонија се повикува на историјата

Македонската фудбалска репрезентација вечер во Амстердам против домаќинот Холандија, ќе го одигра четвртиот дуел од квалификациите за Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година.
По вчерашниот последен тренинг на “Амстердам арената„ селекторот Сречко Катанец ја имаше и последната средба со новинарите во пресрет на мечот со големиот фаворит. “Тој дуел преставува одлична шанса за играчите да видат до каде се и колку можат да парираат на големите фудбалски имиња.Холандија е голем фаворит.Се наоѓа во самиот врв на светскиот фудбал на третата позиција и има репрезентативци што настапуваат во најдобрите тимови.Јас сум задоволен како се работеше изминатите денови.Што се однесува до Пандев, се е в ред.Ќе видите кој ќе истрча на теренот.Мојата главна желба е да одиграме добро, реулзтатот е во втор план“-потенцираше словенечкиот стручњак на клупата на Македонија. Покрај дуелот меѓу Холандија и Mакедонија од 20.45 во 9. квалификациска група вечер ќе биде одиграна и средбата во Глазгов меѓу домаќинот Шкотска и и селекцијата на Исланд.На табелата: холандија е прва со 12 бодови, Исланд и Шкотска имаат по 4, Македонија е на четвртото место со 3, Норвешка е последна со 2 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција.
Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим.
Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја.
Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон.
Спорт
(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра во Барселона заврши без победник 4:4.
Тимот на Ханси Флик ќе игра во финалето против Реал Мадрид, кој во своето полуфинале беше подобар од Реал Сосиедад.
Ова ќе биде прв пат од 2014 година Барселона и Реал Мадрид да се сретнат во финалето.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Феран Торес го постигна единствениот гол.
Финалето е закажано за 26. април на „Картуха“ стадионот во крајот на април во Севилја.
Спорт
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција.
Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора.
Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос.
Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната.
Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима.
Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025