Македонија
Одложување на екскурзиите поради грипот
Македонската Комисијата за пандемски грип денеска заклучи да се одложат сите планирани ученички екскурзии во државата и надвор од неа.
Македонската Комисијата за пандемски грип денеска заклучи да се одложат сите планирани ученички екскурзии во државата и надвор од неа.Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа, 14 лица се заболени од новиот тип на вирус А (Х1Н1), од нив петмина се ученици.Двајца се од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“ и по еден ученик од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, останатите се возрасни лица од кои дел патувале во странство, а се без епидемиолошки податок за патување надвор од државата. Комисијата по денешната седница препорача учениците од ДСУ “Никола Карев“, кои се вратиле од екскурзија во Будимпешта да не посетуваат настава во период од следните седум дена .Оценето е дека нема потреба за масовно носење маски од општата популација, како и за учениците во училиштата поради непостоење епидемиолошка оправданост.Маски треба да носат здравствените работници при преглед и лекување на пациент, како и лицата со симптоми на грип при посета на лекар или лице кое врши негување на заболен во домашни услови, наведува Комисијата.Се препорачува секој болен со симптоми на грип да не учествува и да не посетува масовни собири и да ги почитува препораките на лекарот за лекување и за домашна изолација./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Зелениково без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од с.Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково)
Македонија
Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.
Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.
„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.
Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.