Македонија
„Македонците јадат безбедна храна“
Македонците јадат безбедна хранаМакфакс интервју со Божин Петревски,
Макфакс интервју со Божин Петревски, раководител на сектор за службен надзорМакфакс:Колкава е безбедноста на храната во Македонија?Петревски: „Безбедна храна е онаа храна која што не е контаминирана со физички, биолошки и хемиски контаминенти.Моменталната состојба во РМ врз основа на анализата и проценката на ризикот која е направена во Дирекцијата за храна и Инстутот за здравје задоволува. Оваа изјава ја даваме на основа на извршените лабораториски анализи и службени контроли од страна на државните инспектори на храна, бидејќи процентот на неисправна храна од испитаните примероци е 1,6 % храна од увозно а 4,6 % од домашно потекло.“Сакате да кажете дека Македонците во моментов генерално јадат безбедна храна?„Она што е резултат е засновано на научна основа и тие научни основи не ги земаме инпровизорно туку ги спроведуваме надлежностите дадени со закон за безбедна храна и прозиводите кои доаѓаат во контакт со храната. Се консултираме за проценка на ризикот и со врвни инсттуции на Европа како што е Агенцијата на храна на ЕУ и Агенцијата за храна на Франција, со комисијата во Брисел.“Дали се почитуваат стандардите за безбедноста на храната?„Ние ги користиме препораките и стандардите на ЕУ. Најбитниот дел на безбедноста на храната се генералните принципи на кодексот на хигиена на храна што значи започнувајќи од храна, локација, градба и дизајн на објектот и опремата во објектот до стручната хигиената на овие објекти и транспортните служби кои ја транспортираат храната. Најбитниот дел на производителите на храна и сите бизнис оператори кои ракуваат со храна е примената на ХАСАП системот односно негова имплементација согласно со законот. Направивме три категории на објекти каде и во кои форми треба да се имплементира ХАСАП системот. Ако бизнис операторите погрешно го сфатат ХАСАП системот, а не како сопствена самоконтрола во процесот на производство на храна, се е друго грешка. Тој за нив претставува алатка и техника за внатрешна конторола на производниот процес. Имплементирањето на ХАСАП системот не само што задоволува туку е и на поголемо ниво од бројката која што е поставена.Најголем и основен приоритет е здравствената безбедност на храната и заштита на здравјето на потровшувачите во Македонија. Но, ние од вид не го губиме и економскиот карактер односно трговија во бизнисот со храна. Не можеме да поништуваме храна за која првичните резултати кажуваат дека е небезбедна, мора и сме законски обврзани да им дадеме шанса тоа да го исправат, заради тој економски губиток. Постои научен доказ дека небезбедна храна може да се доработи и повторно да се пласира на пазарот. Во случајот каде што не може должни се да ја поништат храната.“Што е со производите за кои сте свесни дека се продааат на пазарите под неадекватни услови, особено сега на оваа топло време со што не се почитува ХАСАП системот?„Пазарите беа задолжени да имплементираат процедури кои се засновани на ХАСАП системот и доколку отидете на Скопски пазар ќе бидете воодушевени. Мора да сфатите дека зелените пазарите во Македонија се правни субјекти кои се евидентирани во Дирекцијата за храна, значи, добиле одобрение за вршење на дејноста, но тие не продаваат свои прозиводи. Тие мораат да имаат процедура за внес на призводите, не можат оние правни субјекти кои ги издале тезгите на тие да внесуваат како сакаат производи. Мора да постои ред во однос на хигиената на тезгите, санитарните блокови да се одржуваат на високо ниво. Сметам дека пазарите треба да се издаваат на индивидуални прозиводители кои малиот вишок на производство ќе го продаваат на пазарите.Кај нас се појавуваат правни субкети кои препродаваат прозиводи и они мораат да си обезбедат сертификат за тоа. Правиме заеднички акции со Ветеринарната инспекција која е задолжена за месо и млечни производи.“Пазарот во Шуто Оризари е пазар на кој има најголем број на евидентно продавање на храна под неадекватни услови.„Македонија треба да има милион испектори кои ако ги ставиме секој на сите објекти би било идеално. Под наша конторла се 23.757 објекти, држава како Македонија зарем може да издржи потребни 1000 инспектори?!Доволно ќе биде свеста на бизнис операторите да се подига на високо ниво. Доволно е да затвориме две слични објекти и да поднесеме барање за поднесување на кривични пријави до одговорното лице и верувајте еден по еден тие сами ќе се затвараат ако не ги исполнуваат условите.Не можеме да постигнеме се, ни поразвиените земји немаат толкав број на иснпектори. Признавам ,нивото на хигиенскиот пакет на мерки и стандарди во објектите до пред неколку години беше на пониско ниво и не задоволуваше. Не можеме да постигнеме се но граѓаните мораат да бидат задоволни.Тоа што помпезно под разни ставки се затвара еден објект и два дена потоа објектот се отвара и повторно работи најнорамлно, кај граѓаните создава недоверба во веродостојноста на вашата работа.„Колективните мерки кои ги издаваме со решение во рок од 48 часа ќе бидат известени со решение. Во тој период објектот не смее да работи и не смее да биде отворен.Во овие 48 часа објектот не смее да работи но доколку сопственикот не е задоволен може да не тужи. Не гледам зошто објектот не би можел да биде отворен и после неколку дена или една седмица доколку ги исправи неправилностите. Во случај кога објектите се бесправно отворени и покрај нашата забрана, станува збор за кривично дело и поднесуваме пријава до надлежните судови. Не можеме да пломбираме објект во кој храната треба да се чува под одредени микроклиматкси услови, или мора да се зафатат одредени корективни мерки. Се случуваа и инспекторот на издаде документ и да згреши како и во сите развиени земји, па да го повлечеме документот (решението). Инспектори од други градови вршат инпекција во реони за кои не се надлежни за да се нивелира судирот на интереси помеѓу инспекторот и бизнис операторот.“Забележуваме дека голем акцент ставате на самосвесноста на граѓаните?„Нашите препораки се дека потрошувачите мора да си сносат и своја одговорност во делот кога купуваат од непознати продавачи и производители. Не може да се купи храна од пазар или храна со поминат рок само затоа што е поевтина, во тој случај ризикот си го преземаат сами.Не можеме да стигнеме секогаш и секаде ама секогаш ќе бидеме таму кога нашите потрошувачи ќе ни посочат аномалии.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“
Македонија
Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.
„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.
Таа потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.
„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.
Претходно, ДКСК отвори два предмети за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.
Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

