Спорт
Тренерот на Тричковски, стратег на годината во Грција

Никозија/Скопје, 13.12.2011 (Макфакс) – Иван Јовановиќ, тренерот на кипарскиот шампион АПОЕЛ, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, е прогласен за тренер на годината во Грција.
Иван Јовановиќ, тренерот на кипарскиот шампион АПОЕЛ, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, е прогласен за тренер на годината во Грција. Признанието на Јовановиќ му го додели Здружението на спортски новинари во оваа земја. Јовановиќ со АПОЕЛ го оствари најголемиот успех во историјата на кипарскиот фудбал, екипата успеа како првопласирана во својата група да избори пласман во осмина финалето во Лигата на шампиони. АПОЕЛ зад себе ги остави реномираните европски екипи Зенит, Порто и Шахтјор. Признанието за 49-годишниот стратег е уште едно во низата кои ги добиваат членовите на АПОЕЛ, претходно Иван Тричковски, од колегите беше избран за најдобар странски фудбалер на Кипар. Јовановиќ, кој има двојно државјанство, во кариерата ги предводел грчките тимови Ники Волос, Ираклис и Панахаики, а тренер на АПОЕЛ е од 2008 година. Претходно екипата од Никозија ја предводеше во периодот 2003-2005, кога освои три шампионски титули, еден куп и четири Супер купа. крај/б92/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.
Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари.
Оваа бројка го вклучува основниот договор плус бонуси и други додатоци за време на траењето на договорот. Меси е лидер во двете категории, далеку пред другите ѕвезди на лигата.
Вториот најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари. Италијанецот е единствениот покрај Меси кој заработува повеќе од 10 милиони по сезона.
Меѓу првите 10 се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емил Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Џонатан Бамба (Чокаго) – 5,6.
Освен доминацијата на теренот, Меси е и маркетиншка машина. Интер Мајами забележа огромен пораст на вредноста, гледаноста и продажбата на дресови откако тој пристигна во Мајами.
Спорт
Холандски репрезентативец го засили Наполи

Ноа Ланг е првото засилување за Наполи во актуелниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец, кој ги помина последните две сезони во ПСВ, потпиша петгодишен договор.
Клубот од Ајндховен ќе добие 25 милиони евра плус бонуси кои би можеле да достигнат пет милиони евра.
Ланг, е продукт на младинската академија на Ајакс, минатата сезона одигра 44 натпревари, постигнува 14 гола и забележа 12 асистенции.
Спорт
УЕФА ќе го исфрли Лион од Лига Европа

Олимпик Лион се соочува со најтешките моменти во клупсјата историја. Француската фудбалска федерација, во вторникот, го исфрли клубот од Лига 1, а како што стојат работите УЕФА нема да му дозволи да се натпреварува во Лига Европа.
Лион е исфрлен во втората лига поради огромниот долг, се спеменува сума од 422 милиони евра.
Клубот во јануари доби опомена да го намали долгот, а откако не го направи тоа во дадениот рок, ФФФ реагираше со жестока казна.
Истото ќе го направи и УЕФА. Минатата сезона, Олимпик Лион заврши на петтото место, со што избори директен пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Доколку УЕФА го елиминира Лион, два клуба ќе профитираат од таквата одлука.
Стразбур, наместо во плеј-офот за место во Конференциската лига, би играл Лига Европа, додека Ленс, кој беше рангиран на седмото место во Лигата 1, би скокнал во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Се уште се очекува потврда од УЕФА, но како што стојат работите сега, малку е веројатно дека нешто ќе се промени. Лион најави жалба до Лигата 1, според информациите од Франција, таа ќе биде само формална.