Спорт
Марадона: Меси е подобар од мене во 1986 г.
Селекторот на аргентинската репрезентација потврди уште еднаш дека играта на напаѓачот на Барселона ќе биде клучен за аргентинската репрезентација на Мундијалот во Јужна Африка
Диего Марадона кој ги предводеше „гаучосите“ до нивниот последен наслов пред 24 години вели дека Лионел Меси е подобар отколку што бил тој во 1986 г. Кога во Мексико беше прогласен за најдобар фудбалер.„Во однос на она што јас бев во 1986-та, Меси е подобар. Најдобар фудбалер на светот е, далеку подобар од другите. Во Мексико јас ја предводев репрезентацијата. Тогаш созреав и соиграчите ме следеа. Му го објаснив тоа на Лио и му реков да го стори истото во Јужна Африка. Тој го сфати од тоа што сакав да му го кажам“, вели Марадона.„Вистинска среќа е што е Аргентинец и што јас можам да го тренирам. Тој сфаќа дека соиграчите од него очекуваат да биде шлаг на тората на нашата репрезентација да биде лидер со топката. Тоа е она што ни е потребно од него, со пример да ги предводи другите на теренот“, додава аргентинскиот селектор. Од друга страна контроверзниот Марадона додава дека во неговата репрезентација нема првотимци и резерви. Тој исто така има големи пофалби и за Диего Милито кој со двата гола во финалето на Лигата на шампионите му ја донесе по 45 години титулата на милански Интер.„Не сум изненаден, бидејќи Милито имаше фантастична сезона и докажа дека бев во право кога го ставив на списокот за СП. Во оваа репрезентација нема првотимци, ниту резерви, ќе играат оние кои се во најдобра форма“, додава Марадона.Но и покрај фалбите за Милито, аргентинските медиуми сметаат дека ударниот тандем на Аргентина во Јужна африка ќе го сочинуваат играчите на Барса и на Реал, Лио Меси и Гонзало Игуаин кои беа најдобрите стрелци во штотуку завршениот шпански шампионат. Марадона нагласува дека неговите избраници ќе играат напаѓачки.„Немам намера да се одречам од напаѓачкиот фудбал по ниедна цена Да се одрекнам од тоа ќе биде грев, имајќи ги предвид фудбалерите што ги имаме“. „Оваа група играчи е многу слична на нашата од 1986 г. Кога бевме светски прваци, овие играчи се гладни за светска слава. Во во 1986 г. Имавме 70 денови заеднички подготовки, а сега само дваесетина денови пред самиот почеток на првенството а јас се’ уште ги немам сите играчи на собир“, се пожали Марадона кој се’ уште го очекува доаѓањето на Диего Милито, Валтер Самуел и Мартин Демикелис кои во финалето во Мадрид настапија за Реал и за Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

