Македонија
Булеварот „Климент Охридски“ официјално отворен за сообраќај

Реконструкцијата на булеварот “Климент Охридски“ заврши. Денеска булеварот, кој што беше реконструиран на потегот од крстосницата со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до крстосницата со булеварот Партизански одреди во должина од 524 метри, официјално беше отворен за сообраќај.
Реконструкцијата на булеварот “Климент Охридски“ заврши. Денеска булеварот, кој што беше реконструиран на потегот од крстосницата со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до крстосницата со булеварот Партизански одреди во должина од 524 метри, официјално беше отворен за сообраќај.
„Од почетокот на реконструкцијата на 8 јуни, за само три месеци, булеварот Свети Климент Охридски доби по три коловозни ленти во секоја насока, широки по 3,5 метри, средишно зеленило на чиешто место ќе се формира жардиниера и нови тротоари покриени со бекатон-плочки. Значајно е што на некои места каде што тротоарот беше многу тесен и речиси непрооден сега има прифатлива ширина од 1,5 метри. На проширениот дел од булеварот Свети Климент Охридски асфалтирана е површина од 13 423 квадратни метри, наместени се нови рабници во должина од 2 280 метри, а со бекатон-плочки е покриена површина од 2 350 квадратни метри“ изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Тој додаде дека со проектот се преуредени и постојните крстосници – на крстосницата со булеварот Партизански одреди се скратени пешачките острови со што булеварот Партизански одреди доби трета коловозна лента во насока кон центарот на градот.
На крстосницата со улицата Димитрие Чуповски се уредени пешачките острови и е направен нов распоред на семафорските столбови. За реализација на овој капитален проект Градот Скопје одвоил околу 37 милиони денари.
Премиерот Никола Груевски рече дека булеварите и улиците во градот полека, но сигурно го добиваат посакуваниот лик и можат да одговорат на зголемениот интензитет на сообраќај.
„Одбележувањето на значајната годишнина од осамостојувањето на нашава земја не се однесува само на музичкиот дел, туку на успешно завршените проекти коишто ветуваат подобри услови за живот за идните генерации, во коишто се вбројува и проширувањето на булеварот Свети Климент Охридски. Веќе следната година го очекуваме продолжението на овој проект“ рече премиерот Груевски./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани

Тендерите во РЕК и ЕСМ, во време на власт на Заев и Филипче завршуваа само кај ним омилената фирма, Марковски компани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„За неколку години, оваа фирма доби над 200 милиони евра во тендери, а дел од тие пари потребно е да се истражат дали завршиле во фирмите на Заев и Филипче во Бугарија. Поради сиве овие местенки и испумпувања на буџетот, како и заштита од поединци од судството на Заев и Филипче, сопственикот на Марковски компани доби куќен, наместо затворски притвор.
Една од историско најголемите зделки во РЕК и ЕСМ, ја добила токму Марковски компани, од неверојатни 46 милиони евра.
Иако, на овој тендер се пријавиле и други фирми со 30% пониска цена, Заев и Филипче овој тендер му го доделиле на Марковски компани.“, се вели со партиското соопштение.
Прашањето кое остана неодговорено е каде завршиле овие дополнителни 30% средства, односно во бројка околу 14 милиони евра? Дали овие 14 милиони евра завршиле на сметка на фирми на Заев и Филипче во Бугарија? Зошто Заев и Филипче молчат?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ваков начин СДС работеше долги година на власт. Тендери си делеа неколку луѓе од врвот, како Заев и Филипче, а потоа си ги делеа и си инвестираа во фирми. Од друга страна, беа заштитени од страна на судството и обвинителството, кое тие го држат под контрола. Затоа, ги повикуваме граѓаните, да го поддржат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор. Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, завршуваат од владејачката партија.
Македонија
Последна седмица од кампањата за локалните избори 2025

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на Скопје.
Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата ќе даде изјава за медиумите во Градски парк кај Кермез во 11:30 часот.
Со почеток во 12:00 часот, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе одржи прес – конференција во неговиот изборен штаб на плоштад Скендербег.
Прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје денеска напладне ќе одржи потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на која ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, и кандидатот за градоначалник на Јегуновце, Насир Абази.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 16 до 22 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.