Свет
Берлинците го слават падот на Ѕидот

„Многумина ја одиграа улогата, но тоа немаше да биде возможно без храброста на луѓето од Источна Германија“, рече Меркел во денешниот говор по повод 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид
Денеска во Берлин се одржуваа повеќе церемонии со кои се прославува дваесетгодишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Германската кланцеларка Ангела Меркел му се придружи на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и на поранешниот полски претседател Лех Валенса на прошетката до поранешната конторлна точка.
Во црквата Гешеман беше одржана служба, каде почнаа протестите неколку месеци пред падот на Берлинскиот ѕид, што го означи почетокот на распадот на комунистичкиот систем, обединувањето на Германија и крај на Студената војна.
Комунистичка Источна Германија го подигнаа 155 милометарскиот ѕид во 1961 година да го заштитат Западен Берлин од преминување на граѓаните во капиталистичката енклава. Повеќе од 200 луѓе се верува дека се убиени при обидот да преминат преку ѕидот.
Германската канцеларка Ангела Меркел, која пораснала во Источна Германија, е домаќин на денешните прослави.
Придружувана од Горбачов и Валенса, откако го поминаа мостот Бронхол, по кој во 1989 година се поминуваше за прв пат по падот на ѕидот, по неколку недели продемократски протести.
Меркел рече дека не е само ден за славење во Германија, туку е ден за славење во цела Европа.
„Ноќта на 9 ноември 1989 година беше исполнување на еден сон“, рече Меркел во говорот во Берлин. „Многумина ја одиграа улогата, но тоа немаше да биде возможно без храброста на луѓето од Источна Германија“, рече Меркел.
Главните настани се одвиваа кај Брандербуршката порта, симболот на германското обединување.
Меркел рече дека Германија се уште не е доволно обедината, со оглед на фактот дека Источниот дел се уште не бележи значителен економски раст.
Стотици џиновски фигури од домино испишани со најразлични пораки за слобода беа поставени по рутата на некогашниот Берлински ѕид. Домино-ѕидот ќе биде урнат во 19 часот и ќе го симболизира падот на комунистичкиот режим на истокот.
Фестивалот ќе биде збогатен со огномет и концерт на светски познати музичари.
На Меркел ќе и се придружат и францускиот претседател Николас Саркози, британскиот премиер Гордон Браун и државниот секретар на САД Хилари Клинтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Рутe: НАТО сериозно го сфаќа попречувањето на ГПС-сигналите, работиме на тоа да го спречиме

НАТО го сфаќа попречувањето на ГПС-сигналите многу сериозно, а алијансата постојано работи на тоа да спречи попречување и осигурување дека тоа нема да се случи повторно, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Тој го изјави ова откога се прекинал ГПС-сигналот на авионот во кој се наоѓаше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на пат кон Бугарија, објави „Ројтерс“.
Бугарската влада соопшти дека ГПС-сигналот бил изгубен додека авионот на Фон дер Лајен се приближувал кон Пловдив во јужна Бугарија, што ги натерало контролорите на воздушниот сообраќај да се префрлат на системи за навигација на земја за да обезбедат безбедно слетување. Инцидентот се случил додека Фон дер Лајен била на четиридневна турнеја во земјите членки на ЕУ што граничат со Русија, објави „Танјуг“.
Фото: ЕПА
Свет
Путин ги негира руските планови за напад врз Европа

Европските тврдења дека Русија наводно планира напад врз Европа се провокација или целосна некомпетентност, изјави рускиот претседател Владимир Путин во Кина.
„Секој разумен човек е совршено свесен дека Русија никогаш немала, нема и никогаш нема да има желба да нападне никого“, рече Путин.
Тој исто така изјави дека ваквите тврдења се целосна бесмислица и немаат основа.
„Што се однесува до ‘агресивните планови на Русија во однос на Европа’, сакам уште еднаш да нагласам дека ова е целосна бесмислица, која нема апсолутно никаква основа“, рече рускиот лидер.
Путин исто така изјави дека Москва никогаш не се спротивставила на евентуалното членство на Украина во Европската Унија.
Фото: ЕПА
Свет
Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун.
Како што изјави, од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година ќе важи пробна политика за безвизен режим за руските граѓани што имаат обични пасоши, пренесува „Танјуг“.
Според него, Русите може да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.
„Под стратешко водство на двајцата шефови на држави кинеско-руските односи одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу народите на двете земји, го поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатно стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесува ТАС.
Во оваа пригода тој исто така рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.
Фото: принтскрин