Контакт

Свет

ЦИА киднапира во Европа – пример Македонија

Објавено пред

Американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, има дозвола од Џорџ Буш да киднапира лица во Европа за кои смета дека се поврзани со тероризам – тврди денеска лондонскиот весник Тајмс.

dobivaj vesti na viber

Американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, има дозвола од Џорџ Буш да киднапира лица во Европа за кои смета дека се поврзани со тероризам – тврди денеска лондонскиот весник Тајмс. „Киднаперските одреди на ЦИА“ сред бел ден од улиците на европските градови киднапирала луѓе, кои претходно биле издрогирани или успиени со помош на разни спрејови и потоа, со авиони ги префрлала на сослушување во Саудиска Арабија, Јордан, Мароко и Авганистан, прецизира Тајмс. Како пример, Тајмс ја наведува судбината на германскиот државјанин Калед Ел Масри, уапсен на македонска територија на 31 декември 2003. „Припадниците на македонските служби за безбедност го тепале во затвор 3 недели, терајќи го да признае дека е член на Ал Каеда. Потоа, во пранги, со американски Боинг 737, Масри е префрлен од скопскиот аеродром во Багдад, а потоа во Кабул. По пет месеци проведени во самица, Калед Масри со авион е вратен во Македонија и оставен на едно брдо, каде што македонските граничари му го вратиле пасошот и парите“, наведува Тајмс. Макфакс потсетува дека случајот со Масри го открија македонските медиуми, а човекот во моментот е во Германија, чиј државјанин е, и води спор против Македонија и САД за незаконско апсење./крај/фонет/б



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен

Објавено пред

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, денес изјави дека Европската Унија не треба да чека американскиот претседател Доналд Трамп да преземе мерки против иранскиот режим и дека Брисел треба да го зголеми притисокот врз Техеран.

dobivaj vesti na viber

Таа за „Јуроњуз“ рече дека иранскиот режим е без сила и дека деновите на диктаторот ќе завршат во 2026 година.

Според неа, санкциите треба веднаш да се воведат, а Корпусот на Исламската револуционерна гарда треба да се додаде на терористичката листа на ЕУ.

„Згрозени сме од она што се случува во Иран и не можеме мирно да гледаме како режимот користи насилство, репресија и злоупотреба за да го потисне она што го сметаме за фундаментални слободи“, рече Мецола.

Таа ја повика Европската Унија брзо да одговори на насилното потиснување на демонстрантите во Иран, кое меѓународната заедница го означи како црвена линија.

„Сведоци сме на насилство, атентати и ова не е нешто што ќе го толерираме“, рече Мецола.

Таа додаде дека ќе го поддржи прогласувањето на Иранската гарда за терористичка организација и истакна дека Европскиот парламент долго време лобираше оваа иранска воена организација да биде означена како таква.

„Ова е ставот на Европскиот парламент со години, откако ги видовме тие храбри жени на улиците на Иран како повикуваат на почитување на нивната слобода, нивните права и нивното достоинство“, рече Мецола, алудирајќи на движењето „Жени, живот, слобода“, кое се појави по смртта на Махса Амини.

Според Мецола, иранскиот режим сега е на „последните сили“, а Европската Унија има „златна“ можност да ја покаже својата посветеност на слободата, да ги поддржи демонстрантите и да ги казни одговорните.

„На иранскиот народ е да ја одреди својата иднина, но ние мора да ги поддржиме. Ако не сега – кога?“, рече Мецола.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Сè што е помалку од контролата на САД врз Гренланд е неприфатливо

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика за повторно преземање на контролата врз Гренланд, инсистирајќи дека островот им е потребен на САД „заради национална безбедност“. Во објава на социјалните мрежи, тој тврди дека „НАТО треба да ни го отвори патот за да го добиеме“ и предупреди: „Ако ние не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го сторат тоа, а тоа нема да се случи!“, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

„Воено, без огромната моќ на САД, од која голем дел изградив за време на мојот прв мандат, а сега ја подигам на ново и уште повисоко ниво, НАТО не би бил ефикасна сила или средство за одвраќање, ни приближно! Тие го знаат тоа, и јас го знам тоа“, рече Трамп.

Тој додаде дека НАТО станува посилен со Гренланд под американска контрола. „НАТО станува многу помоќен и поефикасен со Гренланд во рацете на САД. Сè што е помалку од тоа е неприфатливо“, рече тој.

Овие коментари веројатно ќе ги налутат данските и гренландските лидери, а доаѓаат само неколку часа пред нивните клучни разговори со потпретседателот Џ.Д. Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио во Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Свет

Германскиот министер за надворешни работи: Иранскиот режим е на крајот, само користи сила за потиснување на протестите

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул користи остри зборови кога коментира за бруталниот третман на иранскиот режим кон демонстрантите. Тој, исто така, најави конкретни мерки, објави Дојче веле.

dobivaj vesti na viber

Вадефул ги поддржа изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за односот со иранскиот режим и неговиот третман на демонстрантите.

„Ако еден режим може да ги потисне протестите само со употреба на вооружена сила, тогаш е јасно дека режимот е на крајот“, изјави Вадефул за јавниот радиодифузен сервис АРД. Тој додаде дека ако бројот на жртвите биде барем приближно потврден, би било јасно дека режимот навистина ги презема сите мерки за да остане на власт по секоја цена, и со тоа режимот ја губи целата легитимност и право да управува со земјата.

Повеќе од две недели, иранските мажи и жени протестираат против тешката економска криза и авторитарниот и теократски систем на владеење на Исламската Република. Безбедносните сили брутално се справуваат со демонстрантите. Веројатно е дека многумина загинале, но точните бројки сè уште не се достапни, според написите.

Таков нечовечки начин на дејствување од страна на еден режим не е виден долго време, рече германскиот шеф на дипломатијата Вадефул, осврнувајќи се на бруталната репресија врз демонстрантите. „Повеќе не може да се надмине во однос на подлоста. Затоа се обидуваме да ги преземеме сите можни мерки на кој било начин за да ставиме крај на овој режим.“

Изразите на солидарност се минимум, но мора да се направи повеќе политички, рече Вадефул. Тој предложи повторно да се воведат санкции кои силно го погодуваат режимот и да се забрза наведувањето на Иранската револуционерна гарда како терористичка организација. Тој, исто така, објави дека разговарал за ова со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, и други европски колеги.

Германскиот министер за надворешни работи повеќе не сака да води формални разговори со режимот за ситуацијата во Иран или за нуклеарното оружје и јасно става до знаење: „Го осудуваме овој режим, овој режим мора јасно да биде изолиран. Соработката меѓу Иран, Русија и Кина претставува „триаголник кој е одговорен за многу несреќи во светот“, рече Вадефул.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија2 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија4 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет6 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет7 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија7 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет15 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа15 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија19 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа19 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет20 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет20 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија20 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија21 час

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија24 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија1 ден

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...