Компании
Volkswagen Passat добитник на наградата „Автомобил на годината"

Најпосакуваната европска награда „Автомобил на годината” оди кај осмата генерација на бестселерот Volkswagen Passat
Европски „Автомобил на годината за 2015“ е Volkswagen Passat. Новиот модел ја освои престижната награда, која се доделува секоја година од страна на меѓународното жири. Победникот беше прогласен во попладневните часови пред отворањето на меѓународниот автомoбилски саем во Женева.
“Ние сме исклучително горди на оваа награда”, изјави Мартин Винтеркорн, извршен директор на Volkswagen AG, за време на доделувањето на наградата и додаде: „Со новиот Passat повторно успеавме, создадовме автомобил кој поставува стандарди во својата класа, особено во поглед на технологијата и квалитетот. Ова признание е огромна потврда за одличната работата на нашите инженери, дизајнери и на целиот тим. Новиот Passat покажува дека брендот Volkswagen има вистински одговори на предизвиците на нашето време”.
Хајнц-Јакоб Нојсер, член на управниот одбор на Volkswagen, одговорно лице во секторот за развој, ја прими наградата и притоа изјави: “Ние сме почестени со наградата „Автомобил на годината“ за 2015. Оваа награда има посебно значење за нас, затоа што се доделува од страна на независни меѓународни новинари.
Една од најстарите и најпознатите награди во Европа „Автомобил на годината”, која се доделува уште од 1964 година во чест на најдобрите нови автомобили. Жирито, составено од 58 европски автомобилски новинари од 22 земји, номинираше вкупно седум финалисти. Во претходните месеци, финалистите беа детално испитувани и споредувани врз основа на различни критериуми како што се економичноста, комфорот, безбедноста, возните карактеристики, функционалноста, дизајнот и техничкиот напредок. На 52-то издание „Автомобил на годината“, новиот Passat убедливо триумфираше пред неговите шест конкуренти со вкупно 340 освоени поени. Неодамна, два актуелни модели на Volkswagen ја освоија престижната награда, Polo ја освои наградата во 2010 година, а Volkswagen Golf во 2013 година. На наградата „Автомобил на годината” и претходеа наградите „Златен волан ” и „Авто Трофеј “. Граѓаните на Македонија на електронското гласање за наградата „Автомобил на Годината“ го избраа новиот Passat. Моделот на Volkswagen освои најмногу гласови дури 39,4% од вкупниот број гласови.
Новиот Passat во својата класа е еден од најуспешните автомобили во светот, со преку 1,1 милиони произведени автомобили. Денес, бестселерот се смета за еден од најиновативните автомобили во светот. Благодарение на напредните технологии, можно беше да се воведе нов динамичен дизајн. И покрај непроменетата должина во внатрешните димензии, новиот Passat значително се прошири. Новиот Passat со целата своја технологија е толку напреден што ги преминува границите на класата. Покрај новите технологии Active Info Display и head-up дисплејот за возачот, автомобилот поседува и информативно забавен систем наменет за задните седишта кој преку апликација се поврзува со таблет компјутерите, дополнително тука се и системите: City Emergency Braking (безбедносен систем за сопирање во итни случаи во градски услови кој внимава на пешаците), Trailer assist (систем за помош при влечење приколка), Traffic assist (систем за помош во сообраќај) и Emergency assist (систем за помош при итни случаи). Новиот Passat има на располагање 10 турбо мотори со директно вбризгување. Бензинските TSI мотори и дизелските TDI мотори имаат опсег на моќта од 88kW / 120 КС до 206kW / 280КС. Сите овие погонски системи се сосема нови. Потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на CO2, е намалена за неверојатни 20%. Кај сите верзии вграден е start-stop системот како и системот за регенерирање на енергијата преку системот за сопирање. Автоматскиот DSG менувач достапен е како опција кај сите погонски системи.
Passat GTE ќе биде првиот Passat со plug-in хибриден погон кој на пазарот ќе биде лансиран кон крај на летото 2015. 1.4 TSI моторот има моќност од 115 kW / 156 КС, а електромоторот произведува 85 kW / 115 КС, максималниот вртежен момент изнесува 400 Nm. Според NEDC стандардот, потрошувачка е помала од 2.0 l/100 km односно 13.0 kWh/100 km; а емисијата на CO2 е помала од 45 g/km. Passat GTE без застанување може да помине 1000 km. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

· Дигитална сцена: панорамскиот дисплеј вклучува 11,9-инчен виртуелен кокпит на Audi, 12,8-инчен MMI екран на допир и head-up дисплеј.
· Импресивно аудио искуство: со дванаесет звучници со високи перформанси и 420 вати моќност на засилувачот, премиум звучниот систем SONOS нуди импресивно, виртуелно искуство.
· Прилагодена шема на бои: осветлените внатрешни панели на вратите со избор од 30 бои, создаваат емоционално привлечна атмосфера.
Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето.
Чисти линии, интуитивно работење и паметна технологија се комбинирани во новиот Audi Q3. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата. Едноставниот дизајн и распоредот фокусиран на корисникот, држачите за чаши и покриената фиока за полнење ја одразуваат филозофијата на Audi за „визуелна јасност“. Во срцето на сè е дигиталната сцена: панорамскиот дисплеј – со 11,9-инчниот Audi Virtual cockpit plus и 12,8-инчниот MMI екран на допир – има заоблен дизајн ориентиран кон возачот. Тој е надополнет со опционален head-up дисплеј кој проектира важни информации директно во видното поле на возачот. Рамните рачки на вратите, внимателно комбинираните материјали со меки површини на допир и хромираните детали на прекинувачите го нагласуваат визуелниот шарм на возилото, неговиот квалитет и целокупната удобност.
Повеќе простор благодарение на паметните контроли
Новата контролна единица на воланот со две рачки на управувачкиот столб резултираше со повеќе простор за складирање во централната конзола, ново корисничко искуство и чувство на поголем простор. Со рачката од десно се избира брзината, додека онаа од лево ги контролира функциите за осветлување и функциите за чистење на шофершајбната. Елиминирањето на менувачот од централната конзола ослободува дополнителен простор. Просторот се користи за два држачи за чаши и голем простор за складирање под централниот потпирач за раце што се прилагодува по висина. Ладената индуктивна фиока со моќност за полнење од 15 вати, вклучувајќи два USB-C порти, може да се затвори со лизгачки капак по желба. Два дополнителни USB-C порти се наоѓаат на задниот дел.
Светлосните ефекти создаваат атмосфера
Кога ќе се стемни, различни пакети за осветлување (пакет за амбиентално осветлување plus/pro) го создаваат расположението во внатрешноста. Маркерите на контролната табла и централната конзола ги нагласуваат чистите линии на ентериерот. Јохен Штумпф, развивач на системи за внатрешно осветлување, објаснува: „Тука работевме со светлосни водичи, LED модули и дифузери. Светлосните водичи ја транспортираат светлината, а дифузерот ја распрснува така што таа се појавува како деликатна лента во конзолата.“ Индиректното амбиентално осветлување под панорамскиот MMI дисплеј на и во вратите дополнително ја нагласува внатрешната архитектура. Како нов елемент на дизајнот, предните врати сега се опционално достапни со осветлување со голема површина. Штумпф додава: „За да се постигне овој ефект, над 300 исечоци во облик на дијамант со различна големина се ласерски исечени во панелот од ткаенина. Извор на светлина во облогата на вратите ги осветлува сегментите кои, поради нивните различни големини, покажуваат динамична прогресија на осветлувањето – дури и при отклучување и заклучување на Q3.“ Купувачите можат да изберат помеѓу 30 различни бои, овозможувајќи персонализирано искуство со осветлување.
Виртуелно генериран звук
Опционалниот SONOS премиум звучен систем обезбедува импресивно аудио искуство со виртуелно генериран звук. Дванаесет звучници со високи перформанси, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, испорачуваат моќен звук со максимален излез на засилувачот од 420 вати. Фолкер Земан од маркетингот на производи објаснува: „Целната употреба на звучни рефлексии создава ефект на звук кој те опкружува што го интензивира просторното восприемање на звукот. Благодарение на интелигентната обработка на сигналот, секој што седи во возилото може да ужива во искуство со слушање прилагодено на неговото индивидуално седиште.“
Достапни се четири конфигурирани звучни профили (неутрален, концертен, салон и подкаст), плус прилагодлив звучен профил. Купувачите исто така имаат можност да го подобрат своето звучно искуство со функции што можат да се додадат во секое време преку Функции на барање (FoD). Пакетот со звучни функции го дополнува избраниот звучен систем со три дополнителни функции. Интензификацијата на басот создава попрецизно и помоќно искуство со бас. Автоматското прилагодување на нивото одржува постојана јачина на звук при менување на изворите, а ревитализацијата на музиката го подобрува звукот на компресираните музички датотеки.
Одржливо дизајниран ентериер
Достапни се вкупно девет пакети опрема. За дрвени апликации се користи брзорастечко, отпорно дрво. Внатрешните елементи од ткаенина Impressum се направени од 100 проценти рециклиран полиестер, како и ткаенините за тапацирање Passage, Impressum, еднобојна ткаенина и микрофибер. Сите текстилни и микрофибер навлаки за седишта се систематски дизајнирани со употреба на мономатеријали, така што подоцна можат да се рециклираат како материјали со едно потекло во циркуларната економија, со што се елиминира отпадот и драстично се намалува јаглеродниот отпечаток. Audi произведува кадифени велурни подни простирки користејќи Econyl, целосно рециклирано најлонско влакно направено од стари рибарски мрежи, остатоци од теписи и индустриски отпад. Затоа, Audi се фокусира и на идно ориентирано и ефикасно користење на ресурсите во Audi Q3.
(ПР)
Економија
Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.
Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.
Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.
Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.
Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.
(ПР)
Економија
ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, зголеменото производство на ОПЕК+ и американското производство на шкрилци сигнализираше презаситеност на пазарот, вршејќи долгорочен притисок врз цените. Инфлацијата и санкциите на ЕУ врз руските деривати ги зголемија трошоците, додека растот на глобалната побарувачка се намали на најниско ниво од 2009 година до денес, поттикнато од силната потрошувачка на земјите во развој, но и стагнацијата во развиените економии. На нашето работење во Република Северна Македонија, оваа динамика влијаеше на зголемување на увозните трошоци и поголема ценовна нестабилност, што наложи примена на агилни стратегии за набавка, со цел заштита на маржите.
Во вториот квартал од 2025 година, обемот на продажба достигна вкупно 294 илјади м³, што претставува пад од 3% на годишно ниво, пред сѐ поради зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. ЕБИТДА во вториот квартал од 2025 година ги надмина резултатите од претходната година за 28%, во услови на повисока продажба на домашен пазар, намалено негативно влијание од вреднувањето на залихите во споредба со истиот период лани и повисоките маржи од тргувањето со енергија. Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 167 милиони денари, што е зголемување од 14% споредено со истиот период лани.
Во првата половина од 2025 година, приходите од продажба изнесуваа 17.779 милиони денари, што претставува намалување од 21% споредено со истиот период минатата година. ЕБИТДА забележа мал раст во споредба со истиот период лани, како резултат на зголемените продажби на домашниот пазар, подобрените извозни маржи, зголемена трговија со електрична енергија со повисоки маржи, како и намаленото негативно влијание од вреднувањето на залихите (56 милиони денари).
Прилагодената ЕБИТДА достигна 305 милиони денари, што претставува раст од 19% споредено со истиот период минатата година.
Добивката пред оданочување се зголеми за 107% на 236 милиони денари.
Во согласност со своите стратешки приоритети и посветеноста на одржливиот развој, компанијата инвестираше 12 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првата половина од 2025 година. Ваквите инвестиции ги нагласуваат континуираните напори на компанијата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и забрзување на транзицијата кон почисти извори на енергија, а воедно и остварување на видливи економски придобивки.
ОКТА ја потврди својата посветеност на безбедноста на патиштата и општествената одговорност во вториот квартал од 2025 година, во согласност со нејзината Стратегија за општествена одговорност. Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, компанијата започна две кампањи за подигање на јавната свест, фокусирани на подобрувањето на безбедноста на патиштата. Понатаму, ОКТА донираше дрон опремен со напредна технологија за рано откривање пожари на Јавното претпријатие Национални шуми, зајакнувајќи ја неговата улога во спречувањето на пожари. Иницијативата беше надополнета со едукативна кампања насочена кон подигање на јавната свест за ризиците од невнимание.
Компанијата исто така продолжи да ја поддржува културата преку спонзорирање на повеќе еминентни културни настани. Во текот на вториот квартал од 2025 година, ОКТА остана силно посветена на развојот на младите преку иницијативи во кругот на компанијата, како што се програмата „Учење преку работа“, праксите и програмата за доделување на стипендии.
Обезбедувањето на сигурно и непрекинато снабдување останува врвен приоритет во денешната динамична средина. Преку континуирано следење и проактивен пристап кон управувањето, ОКТА брзо се справува со потенцијалните нарушувања. Во исто време, фокусот на автоматизација и иновации ја подобрува нејзината оперативната ефикасност и отпорност – овозможувајќи ѝ на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка, а воедно да придонесе за поширок општествен напредок и долгорочна одржливост.
Преку воведувањето на иновации и адаптабилност, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.
(ПР)