Свет
Француски ловци ја надлетуваат либиската територија
Ловците од типот „рафал“ на француското воено воздухопловство вршат прелети над територијата на Либија, јавува АФП повикувајќи се на воени извори.
Според изворите на агенцијата, ловците ја надлетувале целата територија на Либија. Во информацијата која француските медиуми ја третираат како итна се нагласува дека француските авиони особено го надлетуваат Бенгази каде силите лојални на либискиот водач Моамер ел-Гадафи од утринава влегоа во завршната операција за задушување на востанието против неговиoт режим.Инаку според последните информации на катарската сателитска телевизија Al Jazeera во Бенгази, досега има најмалку 26 загинати а повеќе од 40 се ранети. Ова, како што пренесува телевизијата го изјавиле од градската болница Џала во која биле довезени загинатите и ранетите. Претставници на бунтовниците изјавиле дека се под воздушни напади од владините сили. Сепак, според нив, нивнтие сили го одбиле нападот на единицата од оклопни возила на силите лојални на Гадафи кои се обиделе да продрат кон центарот на Бенгази. Претходно, британската радиодифузна мрежа BBC јави дека армиските тенкови во саботата навлегле во градот. Во меѓувреме во саботата, портпаролот на либиското министерство за надворешни работи изјави дека армијата го почитува прекинот на огнот, но дека бунтовниците ги нападнале единиците во регионот на Бенгази. Од друга страна претставници на вооружените опозициски групи соопштија дека градот е бомбардиран од страна на владините сили. Во саботата наутро над Бенгази беше урнат воен авион кој според изјави на свеодци најверојатно бил од воената база во Бенгази. Либиската влада ги демантираше информациите дека нејзините сили го напаѓаат подрачјето на Бенгази, обвинувајќи ги бунтовниците за напад. Претходно во петокот владата на Либија најави прекин на сите воени операции против бунтовниците во врска со усвојувањето на резолуцијата на ОН. Триполи ги негираше извештаите во врска со бомбардирањето на либискиот градови. Покрај тоа, либиските власти поканија набљудувачи од Турција, Грција и Малта за да го следат прекинот на огнот. Резолуцијата усвоена во четвртокот во Советот за безбедност, предвидува затворање на воздушниот простор над Либија за да се прекинат воздушните напади врз бунтовничките сили и да се избегнат цивилни жртви. Одлуката на Советот за безбедност наложува забрана за летање на либиските авиони, а предвидува и вентуалната воена акција, но без употреба на копнените сили. Од 15-ти февруари во Либија започнаа протести кои во источните делови од земјат арпераснаа во народно востание против власта на Гадафи, кој управува со земјата 42 години. Либиската авијација секојдневно ги бомбардира позициите на бунтовниците во источниот дел на земјата и градовите во кои тие ја преземаа контролата во западниот дел на Либија. Либиските власти тврдат дека се борат против групи кои се поддржани од глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, чии високи претставници пшред извесно време повикаа на соборување на режимот на Гадафи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Филмски грабеж во Њујорк: се маскирале како работници и украле 3 милиони долари
Најмалку тројца мажи, од кои двајца биле маскирани како градежни работници, извршиле грабеж во Њујорк и избегале со сеф и накит во вредност од повеќе од 3 милиони долари. Филмскиот грабеж се случил сред бел ден, на 16 октомври, во населбата Јамајка Хилс во Квинс, а полицијата објави детали и снимки од надзорните камери овој вторник, пишува nbcnews.com.
Според соопштението на Полициската управа на Њујорк (NYPD), крадците насилно ја отвориле задната врата од куќата околу 14:20 часот. Откако влегле на локацијата, лицата извадиле сеф и накит, чија вредност се проценува на приближно 3,2 милиони долари. По кражбата, тие избегале со сино Хјундаи Елантра, кое е снимено со камери за надзор.
Истражителите објавија детални описи на тројцата мажи со надеж дека некој ќе ги препознае. Еден од мажите што влегол во домот носел црна маица, црни панталони, црни патики, неонски елек, бела кацига, заштита за очи и бил виден како носи црн ранец.
Другиот носел црна маица, црни панталони, сиви патики, неонска јакна, бела кацига, заштита за очи, црна маска за лице и носел црн ранец, соопшти полицијата.
Третиот осомничен, кој возел, носел бела маица со качулка, црни панталони, сиви патики и црни ракавици.
За среќа, никој не е повреден во грабежот, а потрагата по сторителите е во тек.
Регион
Сирија го призна Косово
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу.
Османи, која е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово.
Османи му се заблагодари на сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за Косово.
„Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше за да постигне слобода. Затоа, ова меѓусебно признавање денес не е само признавање на државниот суверенитет, туку и признание на жртвите на многу генерации за слободен живот“, рече Османи.
Таа, исто така, му се заблагодари на саудискиот престолонаследник „што го овозможи овој историски чин меѓу двете земји“. Со признавањето од Сирија, сега 120 земји ширум светот го признаа Косово.
Свет
Боинг ја одложува испораката на авиони, се соочува со казна од 5 милијарди долари
Авиокомпанијата Боинг објави дека производството на долгоочекуваниот авион 777X се одложува до 2027 година, што ќе ја чини дури 5 милијарди долари казни за доцнење на испораките. Причината се сè построгите регулаторни пречки што мора да ги надмине, пишува Би-Би-Си.
Одложувањето доаѓа во време на растечка побарувачка за меѓународни патувања, додека Боинг се обидува да го промовира својот најнов модел како наследник на легендарните 747 и 777. И покрај проблемите со довербата на компанијата по низа инциденти, вклучувајќи го и оној во кој вратата на авионот паднала од лет, Боинг соопшти дека приходите во трите месеци што завршија во септември се зголемиле за 30 проценти на 23,27 милијарди долари во споредба со истиот период минатата година.
Главниот извршен директор Кели Ортберг изјави дека компанијата работи на „враќање на довербата кај сите наши засегнати страни“.
Тој изрази разочарување поради доцнењето на 777X, но додаде дека авионот „се покажал добро на тестирањето во летот“. Тој нагласи дека Боинг работи на „стабилизирање на нашите операции за да можат перформансите на нашата компанија целосно да се опорават“.

