Македонија
Ахмети: Македонија ќе успее да се приклучи во НАТО и ЕУ
Македонија ќе успее да се приклучи на НАТО и мислам дека во скоро време ќе добиеме датум за преговори, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата, со генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, во Скопје.
Македонија ќе успее да се приклучи на НАТО и мислам дека во скоро време ќе добиеме датум за преговори, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата, со генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, во Скопје.
„Со генералниот секретар на НАТО, Расмусен разговаравме за сите поважни теми: вклучувањето на Македонија во НАТО, меѓуетничките односи, продолжувањето на реформите, како и продолжувањето на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и за интеграцијата на Македонија во ЕУ“, изјави Ахмети.
Ахмети рече дека на средбата било заклучено дека од голема важност за мирот и стабилноста во регионот е приклучувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.
Toj рече дека Расмусен ги пофалил сите чекори кои се преземени за што побрзо вклучување на Македонија во НАТО.
Лидерот на ДУИ, Ахмети изјави дека на средбата биле разговарано и за трите барања кои тој ги упати до коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ : хашките случаи, случајот „Сопот“ и законот за ОНА, меѓутоа не сакаше да коментира за тоа.
Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен доаѓа во Скопје „да ја охрабри владата да покаже флексибилност и прагматичност“, во барањето решение за спорот со Грција.
Расмусен се сретна со премиерот Никола Груевски, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и со министерот за одбрана Зоран Коњаноски.
Расмусен, во рамки на својата прва официјална посета на Македонија треба да се сретне и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски: Агресијата на Русија врз Украина има сериозни реперкусии врз регионалната безбедност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес учествуваше и се обрати на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Виена, Австрија.
Во своето обраќање пред министрите за надворешни работи и останатите високи претставници на земјите учеснички, министерот Муцунски се осврна на безбедносните предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ, како и на состојбите во рамките на Организацијата.
„Реафирмирајќи ја нашата посветеност на темелните вредности и заложби на ОБСЕ, тој ги посочи сериозните реперкусии од агресијата на Руската Федерација врз Украина врз регионалната безбедност и сигурност, како и нејзиното штетно влијание врз внатрешните односи во рамките на Организацијата, поларизацијата, отсуството на суштински дијалог и недовербата. Во оваа смисла, министерот изрази поддршка за мировните напори, иницијативи и дипломатски разговори што се водат од двете страни на Атлантикот“, соопштија од Министерството.
Министерот посвети особено внимание на состојбите во ОБСЕ и сложената политичко-безбедносна ситуација. Говорејќи за структурната криза во која се наоѓа Организацијата, тој ја истакна неопходноста од нејзино надминување и потенцира дека на ОБСЕ ѝ е потребна оперативна предвидливост и непречена функционалност.
„Нам ни е потребна модерна, отпорна Организација, ориентирана кон актуелниот контекст. ОБСЕ, како основа на колаборативната безбедност, подготвена активно да го поддржува мирот и да игра истакната улога во закрепнувањето на Украина“, подвлече Муцунски.
Осврнувајќи се на повикот за зголемена „отпорност“, како централна тема на состанокот, министерот истакна дека во денешното безбедносно опкружување отпорноста се однесува на подготвеноста и способноста на земјите учеснички да одговорат ефикасно на сегашните и идните безбедносни предизвици.
Во тој контекст тој ја нагласи важната улога на теренските мисии на ОБСЕ, потенцирајќи дека тие претставуваат катализатори на трансформација, дизајнирани да ги зајакнуваат државите во реализацијата на нивните стратешки приоритети. Тој посочи дека, гледано низ призма на денешниот сложен безбедносен контекст, отсуството на политича волја во поддршка на нивната стратешката агенда, или уште повеќе, тенденцијата на активно превенирање претставува стратешка кратковидост, што се коси со колективните напори за изградба на мирољубиви, стабилни и просперитетни општества.
Муцунски додаде дека македонското општество, и покрај сите пречки и предизвици, демонстрираше јасна посветеност за остварување на европските аспирации.
Со реализацијата на оваа стратешка цел, рече тој, нашиот регион ќе се трансформира од граница во мост на ЕУ, во генератор на стабилност, иновации и идеи, како и заштитник од нестабилност и штетни влијанија.
Во продолжение, министерот се осврна на ангажманот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакнувајќи ја нејзината важна улога во поддршка на националната реформска агенда. Тој посочи дека идната улога на Мисијата треба да кореспондира со новата реалност и опкружувањето во кое ОБСЕ функционира во државата, земајќи го предвид исчекорот во стратешките приоритети, реформскиот напредок и институционалната зрелост. Во таа насока, идниот ангажман и присуството на ОБСЕ треба да бидат насочени кон поддршка на тековните и идните реформски приоритети на Владата.
Македонија
СДСМ за пријавата против Костадинов: Монтиран случај
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, велат од СДСМ, по објавата на веста за кривичната пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.
„Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица. Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена. Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе. Не ви се плашиме. Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите. Новите бомби се спремни. Имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме. А на крај ќе одговарате. Работата се уште не е завршена“, велат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“
Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија за последиците од настанот во кој беа уништени 63 животи и зацрнети 200 семејства, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова, по денешното судење за пожарот.
„Се однесуваат како тие да се оштетени, како да не знаат зошто се обвинети, како првпат да слушаат дека дискотеката ‘Пулс’ постоела. А работела и постоела цели 13 години. Иако правото на одбрана е неприкосновено во секоја правна држава, еднакво е важно јавниот дискурс да биде чувствителен кон жртвите и семејствата што минуваат низ долготрајна траума. Гласот на родителите, семејствата и на сите засегнати мора да биде во центарот на вниманието“, рече тој.
Додаде дека имаат легитимни очекувања оти институциите ќе постапат брзо, одговорно и објективно, без пролонгирање.
„Ние сме луѓето што секојдневно се борат со последиците од трагедијата. Ние имаме легитимни очекувања дека институциите ќе постапат брзо, одговорно и објективно, без пролонгирање. Семејствата и граѓаните очекуваат пресуда која ќе ја одрази тежината на трагедијата и ќе испрати порака дека животот на секој граѓанин е вредност што мора да биде заштитена. Токму тоа е основата врз која се гради довербата во правниот систем и функционалноста на институциите“, рече Наунов.
Истакна дека вистината, отчетноста и правдата не смее да останат само формални и одредби на хартија и дека тие мора да се манифестираат преку конкретни резултати, одговорни одлуки и целосно исполнување на законските обврски во интерес на жртвите, нивните семејства и целата јавност.

