Македонија
НВО: Стационарот „Вардариште“ – место каде се убиваат кучиња
Во стационарот „Вардариште“ од октомври 2007 до денешен ден се убиени повеќе од 5000 кучиња, и тоа не е ниту привремено прифатилиште ниту азил за животните, туку можам да го наречам само како место каде се убиваат кучиња, рече Венера Петковска, независен активист за заштита на правата за животните.
Во стационарот „Вардариште“ од октомври 2007 до денешен ден се убиени повеќе од 5000 кучиња, и тоа не е ниту привремено прифатилиште ниту азил за животните, туку можам да го наречам само како место каде се убиваат кучиња, рече Венера Петковска, независен активист за заштита на правата за животните. На денешната прес конференција по повод маршот „Чекори за живот“ кој ќе се одржи на 20 јуни (недела) со почеток во 12 часот пред Градското собрание во Скопје а ќе продолжи пред Владата, здруженијата за заштита на животните „Анима Мунди“, „Срна“, „Срце за животните“ и „Нова надеж“ ја изразија својата загриженост за третманот на животните во Македонија. Овие организации тврдат дека во Дрисла постои дупка која е ископана без стандарди, каде се фрлаат кучињата кои нехумано се убиваат, за што до медиумите доставија и два документи, едниот од Градот Скопје упатен до ЈП Комунална Хигиена – Скопје а другиот од Ј.П. Депонија „Дрисла“ – Скопје до Еколошкото здружение „Живот во зеленило“- Скопје, кои според нив потврдуваат дека во Дрисла има гробница за мрши од усмртените кучиња од стационарот за кучиња „Вардариште“. „Имаме најава дека дел од „хуманата еутаназија“ која ја ставаат во Автокоманда не делува, што значи дека кучето привремено губи пулс, и потоа ги ставаат во камиони и ги носат во Дрисла и ги фрлаат во дупката, при што се случувало да се будат кучињата во дупка од која не можат да излезат и умираат во неописливи маки,“ тврди Петковска. Радимир Гоџиров од „Срна“ предупреди и за борбите со животни кои стануваат се попопуларни во земјата и некаде се појавуваат борби со бикови, некаде борби со петли а најраширени се борбите со кучињата. „Во подзаконските акти да се предвиди присуството на полицијата за таа да може да биде ангажирана во растурање на борбите со животни,“ рече Гоџиров. Невладините ги повикаа сите граѓани кои ги сакаат животните, да излезат и да ја потврдат својата поддршка за маршот кој ќе се одржи./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.