Контакт

Свет

Дванаесет лица загинаа во судирите во сириското пристаниште Латакиа

Објавено пред

Во судирите што избувнаа во саботата навечер во најголемото сириско медитеранско пристаниште Латакиа загианел десет војници и двајца милитанти, пренесува во неделата AFP, повикувајќи се на Бусејни Шабан, советник за информации на претседателот Башар ал-Асад

dobivaj vesti na viber

Сириската новинска агенција SANA претходно во саботата навечер јави „вооружени групи ги заземале покривите на зградите во некои делови од градот и отворил оган врз минувачите и безбедносните сили“.  Според други извори, неколку десетици луѓе собрани на протест ја нападнале  зградата во којашто бил сместен градскиот огранок на владејачката Баат партија. Претходно во саботата групата којашто себеси се нарекува „Револуција во Сирија 2011“ преку социјалната мрежа Фејсбук беше раширен повик за „народно востание“ низ целата земја. Како што се наведува на интернет страницата, цел на оваа група е „постигнување слободата во Сирија“. Немирите во Сирија започнаа во пограничниот град со Јордан –  Дераа на 18-ти март. Тие беа испровоцирани откако безбедносните сили уапсија група ученици, кои по ѕидови и огради испишувале анти-владини слогани. Во судирите со полицијата изминатата седмица загинаа десетици луѓе. Судирите во Дараа ескалираа кога демонстрантите се обидоа да ги соборат статуите на поранешниот претседател Хафез Асад по што го искинаа и големото пано со ликот на Башар Асад, кој е моментално претседател и син на Хафез. Претходнно во саботата претседателот  Асад ги повлече полицијата и војската од улиците во градовите на југот од земјата во обид да ги смири демонстрациите.Во петокот илјадници луѓе учествуваа на протестниот марш во различни делови на Сирија, барајќи реформи и изразувајќи солидарност со жителите на градот Дараа.Според сириските власти, во протестите и судирите изминатава седмица во градот Дараа кој се наоѓа во близина на сириско-јорданската граница загинале 43 луѓе.Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе зиврши итни економски и политички реформи во земјата.  Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баат вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни местаМасакрот во Санамеин, јужно од престолнината Дамаск, кој во изминативе две седмици беше поприште на демонстрации и судири со безбедносните сили, се случи во средата. Бунтовниците запалија оган под споменикот на таткото на сегашниот претседател, Хафес ал-Асад, кој почина во 1980 г., што ги испровоцирало сите на редот да отворат оган со боева муниција. Санамеин се наоѓа на 40 километри северно од Дараа.Во Дераа, пак, илјадници луѓе присуствува на погребот на 37-те демонстранти кои во средата беа убиени од силите на претседателот Башир ал-Асад. И покрај огромно присуство на силите за безбедност и нивната подготвеност да користат сила при разбивањето на демонстрациите, во градот се собраа луѓе од речиси сите околни места. Демонстрантите во Дараа извикувале слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваа Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 г.Во Дамаск силите на редот приведоа повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хама, се собрале повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хама во 1982 г. сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.Дара е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.Демонстрациите во Сирија траат веќе две седмици, при што демонстрантите повикуваат на прекинување на корупцијата и на вонредната состојба која трае веќе 48 години. Сирија се наоѓа во постојана вонредна состојба откако во 1963 г. на власт дојде партијата Бат и донесе забрана за постоење на опозиција.Во неделата толпата во Дара запали зграда на суд и седиштето на владејачката партија. Протестите стануваат се’ поголема закана за претседателот Башир Асад, кој на функцијата го наследи својот татко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Објавено пред

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.

dobivaj vesti na viber

Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Објавено пред

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.

Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.

Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Објавено пред

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.

Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.

Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 час

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет4 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет4 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет5 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет5 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет6 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет6 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија6 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет7 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет7 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет10 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија11 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет11 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет16 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет17 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија18 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет18 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет19 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет20 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...