Спорт
Вимблдон: Четвртфинални пресметки во машкиот сингл

Попладнево на терените на Се англискиот клуб во Лондон ќе се одиграат четвртфиналните дуели во машка конкуренција, на третиот тениски грен слем сезонава, Вимблдон.
Попладнево на терените на Се англискиот клуб во Лондон ќе се одиграат четвртфиналните дуели во машка конкуренција, на третиот тениски грен слем сезонава, Вимблдон. Четвртфиналната програма во машкиот сингл е предвидено да започне во 14 часот, а мечевите ќе се играат на Централниот и Теренот број 1. На Централниот терен прв ќе излезе човекот со најмногу грен слем титули во тениската историја, третиот светски рекет, Роџер Федерер. Швајцарецот за противник ќе го има францускиот тенисер, Жо-Вилфред Цонга. По завршувањето на овој меч, домашниот фаворит Енди Мари за противник ќе го има вториот Шпанец во оваа конкуренција Фелисијано Лопез. На Теренот број 1 програмата ќе ја отвори тенисерот кој има најдобри резултати оваа сезона, Новак Ѓоковиќ. Противник на српскиот тенисер ќе му биде најголемото изненадување оваа година на Вимблдон, Австралиецот со хрватско потекло, Бернард Томиќ. По овој меч за пласман во полуфиналето ќе се борат бранителот на трофејот, најдобриот светски рекет, Рафа Надал. Шпанецот за противник ќе го има францускиот тенисер, Марди Фиш. /крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“