Спорт
Мајами ја продолжува победничката серија

По четири победи за домашните и гостинските екипи, на осумте одиграни натпревари во НБА лигата.Мајами ја продолжи победничката серија во главниот град на Америка. Леброн Џејмс постигна 32, а Двенј Вејд и Крис Бош по 20 поени во победата од 95:94 над Вашингтон. Овој триумф беше 12-от по ред за екипата на Мајами. Тимот со најдобар резултат во лигата Сан Антонио, дури во продолжението го скрши отпорот на Мемфис, во победата од 112:106, Тони Паркер постигна 37 поени. Кошаркарите на Кливленд ја прекинаа негативната серија од десет последовaтелни порази. На домашен терен, предводени од Мо Вилијамс (22 поени и 14 асистенции), Кливленд го совлада Њујорк со 109:102. Играч на изминатата вечер во НБА лигата е крилниот центар на Минесота, Кевин Лав. Во поразот на неговата екипа во Денвер од 115:113, Лав имаше учинок од 43 поени и 17 скока. На другите натпревари:Орландо-Филаделфија 89:97Чикаго-ЛА Клиперс 99:100Милвоки-Јута 86:95Портланд-Голден Стејт 96:95. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Модриќ дебитираше во дебаклот на Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент.
„Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона.
„Сините“ ги декласираа со резултат од 4:1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано.
Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј Кубиш во петтата минута, и голот на Жоао Педро во осмата минута. Романскиот дефанзивец дефинитивно беше трагичара, бидејќи заработи директен црвен картон во 18-та минута.
Лиам Делап го зголеми резултатот од пенал во 67-та минута, а Јусуф Фофана го постигна почесниот гол за Милан во 70-та минута.
Делап ги постави конечните 4:1 во 90-та минута и ја запечати победата на Челзи, кој следната недела ќе го пречека Кристал Палас.
Спорт
(Видео) Палас на Ливерпул му го „украде“ првиот трофеј во сезоната

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“ по подобро изведување на пенали.
Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 2:2. Ливерпул двапати поведе во текот на натпреварот, но двата пати освојувачите на ФА Купот успеаја да се вратат во живот и да победат на пенали.
Нови играчите од Бундеслигата доминираа, Флоријан Вирц му асистираше на Уго Екитике во 4-та минута за првиот гол на натпреварот.
Жан-Филип Матета возврати во 17-та минута од пенал, што најави нов спектакуларен дуел на „Вембли“.
Сепак, само четири минути подоцна, гол постигна уште еден играч кој лртово го засили Ливерпул, Џереми Фримпонг постигна гол за Ливерпул, на асистенција на Доминик Собослај. Во 77-та минута, Ибрахима Сар изедначи на 2:2.
Немаше повеќе голови, па веднаш се шутираа пенали. Во пенал серијата доминираше голманот на Палас, Дин Хендерсон.
Тој ги одбрани ударите на Мекалистер и Елиот, додека Салах промаши, што беше доволно Палас да направат уште едно големо изненадување.
Матета, Сар и Девени погодина за вториот голем трофеј во историјата на Палас, во рок од два и пол месеци еден од друг.
Foto/ EPA/TOLGA AKMEN
Спорт
10 милиони евра го делат Симонс од трансфер во Челзи

Челзи не го затвори летниот преоден рок, а познато е дека Енцо Мареска сака да ја засили конкуренцијата и дека Чави Симонс е следната цел.
Денес пристигнуваат нови информации дека Симонс одамна се договорил со Челзи и дека сега чека да биде постигнат договор меѓу клубовите клубовите.
Моментално 10.000.000 евра ги делиат РБ Лајпциг и Челзи. Наводно, РБ Лајпциг сè уште бара 70.000.000 евра, Челзи досега понуди максимум 57.000.000, но се верува дека Германците ќе се согласат на намалување и ќе прифатат ако „сините“ испратат барем уште 10.000.000 евра.
Симонс треба да биде опција на левото крило покрај Џејми Гитенс, но и како конкуренција за Кол Палмер.