Економија
Зголемен промет и негативен тренд на индексите на берзата
Денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност достигна промет од 24.068.292,86 денари, а сите три индекси забележаа негативен тренд.
Денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност достигна промет од 24.068.292,86 денари, а сите три индекси забележаа негативен тренд. Причина за зголемениот промет беше тргувањето со државните обврзници за денационализација од деветтата емисија која вчера беше за прв пат пуштена во промет. Прометот со државните обврзници беше 73,5% од вкупниот промет, односно изнесуваше 17.685.817,86 денари. На официјалниот пазар прометот беше 22.600.800,86 денари, додека прометот на редовниот пазар беше далеку послаб и изнесуваше само 1.467.492,00 денари.Убедливо најтргувана на целиот пазар беше државната обврзница за денационализација од деветтата емисија со промет од 14.436.564,06 денари што претставува 81,6% од тргувањето со државните обврзници, односно 60% од прометот на целиот пазар. Почетната цена изнесуваше 77,00% од номиналната вредност, додека при крајот на трговскиот ден се постигна цена од 78,5% што беше и последна цена. Просечната цена изнесуваше 77,93%, а истргувани беа 300.815 обврзници кои се реализираа преку 62 трансакции.Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 1.604.320,00 денари. Просечната цена од 4.764,51 денари оствари незначително намалување од 0,07%. Истргувани беа 338 акции кои се реализираа преку 17 трансакции. Следуваше Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.514.990,00 денари. Не беше забележана промена во вредноста на дневно ниво при просечна цена од 2.999,98 денари. Истргувани беа вкупно 505 акции преку 10 трансакции.Од редовниот пазар најликвидна беше Тутунска Банка Скопје со промет од 520.922,00 денари. Просечната цена од 4.961,16 денари значеше умерено намалување од 0,72%. Минималната цена при тргувањето изнесуваше 4.900,00 денари и се постигна кон крајот на трговскиот ден, додека максималната цена од 5.000,00 денари беше воедно и почетна цена. Истргувани беа 105 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Следна според ликвидност од редовниот пазар беше Македонски Телеком Скопје со промет од 501.620,00 денари. Просечната цена од 514,48 денари предизвика дневен пораст од 0,15%. Истргувани беа 975 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Макошпед Скопје на акционерското собрание одржано на 24.04.2010 година донесе одлука за утврдување на начинот на распределба на добивката по завршна сметка за 2009 година. Нето добивката на друштвото од финансиската 2009 година изнесува 676.317,00 денари. Таа се распределува за: Резерви 15% или 101.447,00 денари, а нераспределен останува делот од 524.869,00 денари. Макошпед Скопје објави и неревидиран биланс на успех за период од 01.01. – 31.03.2010 година. За првото тромесечје од тековната година остварена е добивка од 2.649.000,00 денари, што претставува зголемување од 150% во однос на добивката за истиот период од минатата година.Комуна Скопје објави неревидиран биланс на успех за период 01.01 – 31.03.2010 година. За тој период остварен е позитивен финансиски резултат кој изнесува 6.880.000,00 денари, што е зголемување во однос на добивката од минатогодишното прво тромесечје која изнесуваше 1.445.000,00 денари. РЖ Економика Скопје објави јавен повик за одржување на годишно собрание на акционери на друштвото кое ќе биде одржано на 18.05.2010 година во 11:00 часот во просториите на Уготур АД Скопје на улица 16-та Македонска бригада бр. 18.Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 23.04.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Алкалоид Скопје – 90 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 09 2. Алкалоид Скопје 3. Комерцијална Банка Скопје4. Р.Македонија – Денационализација 085. Р.Македонија – Денационализација 04Хартии од вредност со најголем раст1 Р.Македонија – Денационализација 04 1,63%2. Топлификација Скопје 0,61%3. Македонски Телеком Скопје 0,15%Хартии од вредност со најголем пад1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 4,52%2. Бетон Скопје 2,68%3. Р.Македонија – Денационализација 08 2,20%4. Стопанска Банка Скопје 1,92%5. Стопанска Банка Битола 1,65%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци
На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.
Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.
„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.
Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.
„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.
Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.
„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
УЈП: Пилот фазата на е – фактура покажува конкретни резултати, најавени се 148 компании
Управата за јавни приходи информира дека пилот фазата на националниот систем за е-Фактура успешно се спроведува во реални услови и веќе покажува мерливи резултати кои ја потврдуваат активната подготoвка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање.
До овој момент, за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Од нив, 15 компании активно го користат системот и имаат креирано и доставено 1.115 е-фактури, при што 396 фактури се успешно верификувани преку платформата.
„Овие показатели ја потврдуваат функционалноста и стабилноста на решението во пилот фазата. Компаниите кои се приклучуваат во тестирањето обезбедуваат рана техничка подготвеност пред задолжителната примена на системот, директна поддршка при интеграција, како и можност преку своите повратни информации да придонесат кон финалното унапредување на функционалностите. Раното приклучување овозможува полесна адаптација на ERP и интерните ИТ системи, како и навремена подготовка за целосната имплементација“, велат од УЈП.
Управата за јавни приходи ги повикува ИТ компаниите, ERP провајдерите и економските оператори со сопствени ИТ решенија активно да се приклучат во пилот фазата, да го тестираат API интерфејсот и со своите повратни информации да придонесат кон создавањето на стабилен, сигурен и практичен систем за е-фактурирање кој ќе одговара на реалните потреби на бизнис-заедницата.
Корисни линкови за вклучување во тестирањето:
Техничка документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk
Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg
Тест платформа: https://efakturatest.ujp.gov.mk
Сугестии и забелешки: [email protected]
„Aктивното учество на компаниите во пилот фазата претставува значаен чекор кон партнерско креирање на модерен, сигурен и ефикасен систем на дигитално фактурирање, кој ќе овозможи поедноставени деловни процеси, намалени административни трошоци и повисоко ниво на транспарентност во економските текови. Управата за јавни приходи ги охрабрува сите заинтересирани економски оператори навремено да се приклучат во тестирањето и да придонесат кон успешна национална имплементација и дополнително унапредување на системот додека сè уште е во тест фаза“, велат од УЈП.

