Регион
Кубанска вакцина против рак на белите дробови наскоро во Србија

Во текот на месец јули, а најдоцна во агуст ќе бидат завршени сите технички детали поврзани со увозот на кубанската вакцина против рак на белите дробои, со којашто во ист пакет во Србија во текот на есента би требало да стигне и лекот против дијабетско стапало, потврдиле за весникот Вечерње новости во Министерството за здравство на Србија.
Весникот наведува дека овој план е направен со претставниците на Институтот за молекуларна имунологија CIMAB во Хавана, од каде делагација на Србија се вратила пред два дена.
Во текот на посетата договорен е увоз на два кубански лека, “cimavaks-EGF” против рак на белите дробови и “heberprot-p” за терапија дијабетско стапало.
Во текот на летото треба да се прецизира и дали овие лекови ќе влезат на позитивната листа и ќе се увезуваат како нерегистрирани препарати, што веќе во пракса се прави со повеќе медикаменти кои се неопходни за терапија, но произведувачите и дистрибутерите поради малата потрошувачка не се заинтересирани да ги регистрираат на српскиот пазар.
Друга можност е со меѓудржавен договор меѓу Србија и Куба, чие потпишување е најавено, прашањето за увоз на лекови да се уреди така да на Куба автоматски да се признава српскиот, а во Србија кубанскиот GMP, односно стандардот за добра произведувачка практика./крај/мф/ффс
Извор: Tanjug
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин